6.8 C
Скопје
15:42 - 22 декември, 2024

Синот на Есма Реџепова ја раскажа горката приказна за кралицата на ромската музика

Симеон Атанасов, еден од синовите на Есма Реџепова, од чија смрт денес се навршуваат три години, на својот фејсбук-профил прозборе за недовршениот музеј на Есма и Стево Теодосиевски.

Ви го пренесуваме во целост неговиот статус.

„Многу размислував дали воопшто овој статус да го напишам, но морав прво за себе, а потоа и за сите други да ја дознаат вистината. Токму на овој ден кога изминуваат 3 години од смртта на големата Есма Реџепова (Мојата Мајка) јас решив да проговорам. Кога во 1991 година Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат во Македонија, тука да направат музеј и се што стекнале во нивните долгогодишни музички кариери да и остават на оваа држава, јас паметам дека тогашните власти на Р. Србија со жалење го прифатија тоа. Нивните зборови беа: „Молимо вас да не идете из Београда, ми чемо да вам изградимо музеј где ви то позелите“. Сепак на инсистирање на Стево се преселивме во Скопје. И така почнаа проблемите, сигурно многумина од вас ќе се сетите на големиот наслов „На Водно нема да чука тарабука“. Не им дозволија да се гради музејот на Водно иако самите беа инвеститори на се, пари заработени со нас децата кои што исто така имаме допринесено барем по една цигла за тој музеј. Со големи маки им дозволија да се гради на Кале. Додека се градеше ние спиевме во камп приколка 2 години. Сите деца што беа во тоа време си заминаа јас останав бидејќи немав каде да одам. Некако се изгради дел од тој музеј, барем некои простории за да се сместиме внатре но требаше уште многу за да се заврши. Почина Стево, остави еден куп проблеми со кои требаше да се справува Есма, долгови за градба, мајстори, дрвени прозори од кои што дуваше бидејќи беа ставени колку да се каже дека има прозор итн. Почнавме да работиме и некако се гледаше крајот на таа градба, 860 м2 и дворно место 1300 м2 не е малку но сепак не беше се уште се завршено. Се појави видовитата Клеопатра која што и кажа на Есма: „Ја сам сањала да теби морам да помогнем да завршиш музеј“. Така и беше. Дојде, се смести во куќата и почна да работи со луѓе и секоја вечер собираше пари кои и ги даваше на Есма. Но на тие пари не им се знаеше трагот веројатно дека беа земани од луѓе кои што си имаа своја мака. Помина и тој период, музејот не беше завршен па еден ден и предложив на Есма да земеме кредит за да го заврши и да го види готов додека е жива а тоа и се случи. Со 50.000 еу беше веќе при крај, остана само големата музејска сала каде што по некоја си желба на Стево требаше и нивните урни да бидат поставени. Ништо од тоа не се случи и сега после 3 години од како почина Есма, оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тоа припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се што беше вредно, фрлија цела историја во вода, се што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет што дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите.“

Facebook
Facebook
Facebook

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....