Актерката Шaрлиз Терон тврди дека некогаш најмоќниот холивудски продуцент, ширел гласини за тоа како спиел со неа и уште неколку нејзини успешни колешки, како на пример Рене Зелвегер, за да добијат улога, што е апсолутна лага, пренесува DailyMail.
Терон вели дека Вајнстајн бил многу вешт во намерата да „сврти една жена против друга“, а и дека воопшто немале сексуален контакт. Таа вели дека тој истото го правел и на колешката Рене Зелвегер кога изјавил дека бил со неа.
„Беше навистина, многу добар во тоа. Немаше граници.“
„Една од неговите изјави беше дека Рене и јас сме спиеле со него за да добиеме работа. Немаше граници. Дури и поради сексот сакаше да не скара една со друга“, изјавила познатата актерка.