16:45 - 27 ноември, 2026

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

Сања Вучиќ, една од најпопуларните срски пејачки на помладата генерација, и оваа година балансираше помеѓу работа, приватен мир и лични преиспитувања. Во празничното интервју за „Блиц“, открива како ги поминува празниците, што значи вистинската среќа за неа и што би посакала за наредната година.

„Празниците обично ги поминувам работно, а кога ќе најдам време, свраќам во Крушевац. Мајка ми е секогаш со мене, создавајќи идилична празнична атмосфера со топли пијалоци и вкусни оброци. Идеален ден без обврски? Решавам укршени зборови или сложувам пзл додека гледам серија – никогаш не ми е здодевно“, вели пејачката.

За желбата за 2026 година, таа истакнува: „Би посакала среќа и повеќе разбирање и емпатија меѓу луѓето. Иако сум хроничен корисник на социјални мрежи, би предложила сите да ги одложат телефоните и да си олеснат малку.“

На прашањето за трачевите и критиките, Сања вели дека ништо не ја вознемирило доволно, а за жанровите додава: „Секој ми е драг, а полека ќе измислам нешто ново.“

За коментарите на мрежите дека е природна и спонтана, таа открива: „Благодарам. Промените што би ги направила се во навиките и исхраната – малку построг режим и резултатите доаѓаат сами, потребна е само челична волја.“

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....