2.8 C
Скопје
17:27 - 22 декември, 2024

„ПУТИН се бори со РАК на тироидната жлезда!“: Руски истражувачки новинари носат докази!

„Путин има тумор на тироидната жлезда. Независниот руски медиум „Проект“ ја обелодени тајната која, доколку се потврди, би била сензационална.

Ова е тезата до која дојде истрагата на независен руски медиум преку низа индиции и официјални документи.

Дополнително претставена е листата на лекари кои го придружуваат претседателот на неговите патувања.

Лекарите го посетувале Путин во минатото долго време, кога „очигледно имал проблеми со грбот“, а од неодамна Путин побарал поддршка од „специјалист за рак на тироидната жлезда кој го посети 35 пати во Сочи“, во неговата вила.

Клиниката за ВИП

Веќе некое време се зборува за можна болест на Путин, кој ќе наполни 70 години оваа година, која се чува во тајност.

Лидерот на земјата својот имиџ, меѓу другото, го изгради и како љубител на спортот: џудо, хокеј, галоп на коњ во шума (дури и со голи гради)… Но, како што пишува Проект во последниве години тој внимателно се грижел за неговата здравствена состојба, дури и следејќи практики кои не се баш научни (како потопување во крв од елен), а во секое движење е придружуван од тим од лекари.

Истрагата на Проект започна оттука, според извор близок до претседателот, Путин почнал да ја посетува клиниката Cchp во Кунцево, во западна Москва. Болницата се смета за најдобра во Русија и има оддел посветен на болните на кои им е потребна најголема дискреција. Меѓу лекарите на ВИП одделението бил и Дмитриј Вербовој, експерт за акутни болести, повреди и труења, кој со текот на времето изградил личен однос со Путин, па подоцна е и награден со почести.

Патувања во Сочи

Од 2016 година, Cchp почнала да ги испраќа своите лекари во домашна посета, да се посветат на рускиот претседател. Причината не е добро позната, со оглед на максималната дискреција која отсекогаш се однесува за здравјето на Путин, но спојувајќи ги познатите факти и официјалните документи, новинарите од Проетк доаѓаат до одредени заклучоци.

На пример, во мај 2017 година, за време на хокеј натпревар пред националниот празник Денот на победата, лидерот на Кремљ случајно се судрил со легендата Павел Буре, паѓајќи силно на мразот: Путин не покажувал знаци на повреда, но од тој ден , а најмалку до 18 мај, трауматологот Дмитриј Вербовој бил испратен од клиниката во Сочи, каде претседателот отишол да помине неколку денови.

За откривање на движењата на лекарите послужиле јавните податоци за исплатите на владата на клиниката, кои точно ги известуваат датумите, местата и имињата на лекарите испратени во мисии. Сомнежите на новинарите на „Проект“ се зголемуваат поради повторените просторно-временски совпаѓања меѓу движењата на мала група лекари и специјалисти и чудните исчезнувања од центарот на вниманието на Путин. На пример, во ноември 2016 година, рускиот лидер зел една недела одмор, кој го поминал токму во Сочи, избегнувајќи јавни излегувања. И во тие денови клиниката испратила тим од неврохирурзи и реаниматори, предводени од Олег Мишкин, во реномираниот туристички град. „Проект“ претпоставува дека Путин бил опериран во рамото. Во секој случај, на докторот Мишкин неколку месеци подоцна Кремљ ќе му додели титула на почесен доктор на Русија.

Специјалист за рак на тироидната жлезда

Според истражувањата на новинарите, трио лекари најчесто го следат Путин: отоларинголозите Лор Шчеглов и Игор Есаков и хирургот Евгениј Селиванов:

„Шчеглов летал од домот на Путин до Сочи 59 пати во текот на четири години и останал кај него 282 дена, а Селиванов 35 пати и останал 166 дена“. Селиванов, пишува Проект,  „е хирург специјализиран за онкологија“, поточно за проблемот „канцер на тироидната жлезда кај постари пациенти“. Лор Шчеглов е исто така хирург и „толку непрестајно го следи Путин што за време на јавни настани често се фотографира со шефот на државата“. Неговиот татко неодамна беше назначен за заменик во Думата на Обединета Русија, партијата на Путин.

Според Проект, „заслугите“ на овој тим лекари може да се проследат наназад, до претпоставениот рак на тироидната жлезда на претседателот.

„Во јули 2020 година тој се сретна со раководителот на Националниот медицински центар за ендокринологија, Иван Дедов, кој е шеф на најстарата ќерка на Путин, Марија – пишува Проект – – Дедов разговараше со претседателот за високата преваленца на рак на тироидната жлезда и за новиот хормонски лек „Тирогин“, кој се бори со метастазите по операцијата. „Дали навистина гарантира 95-98% закрепнување?“ прашал Путин, а одговорот бил потврден“.

Стравот од Ковид
Со доаѓањето на ковид пандемијата во Русија, претседателот почнал да се однесува на необичен начин за некој како него навикнат да биде бестрашен пред ризиците.
„По долг период на изолација“, минатиот септември лидерот јавно се сретнал со група спортисти, исто така за да ги демантира гласините за неговата наводна болест. Но, набргу го објавил своето враќање во изолација, потег што ја изненади дури и неговата придружба.
Оттогаш, Путин почнал да комуницира само преку видео-конференции, а кога требало да се сретне со некого, како неодамна со францускиот претседател Емануале Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, тоа го правел држејќи се на голема дистанца седнувајќи ги секогаш соговорниците од другата страна на долгата маса.
За да му се приближи персоналот, од нив бара редовни ковид-тестови, а тестовите ги вршат строго неговите лекари на кои единствено им верува. За Проект, ставот на Путин е типичен за имуносупримирани пациенти, а тоа е – според нив – уште една трага која води до тезата за рак, пишува европатудеј.ит. 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....