-3.2 C
Скопје
03:55 - 19 февруари, 2026

ПРИРОДНИ АФРОДИЗИЈАЦИ: Љубовта во креветот оди преку стомакот

Достапни се насекаде особено во текот на летото. Некои ни служат за да се освежиме, а други пак се додаток на јадењето, но сите подеднакво делуваат на зголемување на желбата за љубов и возбуда.

Семки од лубеница

Научниците откриле дека семките од лубеницата делуваат слично како Вијагра, па затоа се препорачуваат како помош при постигнување на ерекција.

Домати

Верувале или не, доматот уште од најдалечните времиња се користел како афродизијак, па оттука и го носи името „јаболко на љубовта“.

Лути пиперчиња

Лутите пиперчиња ја забрзуваат работата на срцето и на целиот метаболизам, но исто така предизвикуваат лачење на ендорфин кој предизвикува добро расположение и зголемена возбуда.

Тартуфи

Таканаречените црни дијаманти кои се всушност вид на печурки не само што се наоѓаат на самиот врв на гастрономијата туку се и одлични афродизијаци. Содржат феромони кои се слични на оние кои животните ги излачуваат за време на сексуалниот „повик“.

Смокви

Смоквите од најстарите времиња се користеле за плодност, па оттука се сметаат и за симболи на љубовта. Според старите верувања ако смоквите ги посипете со малку мед афродизијачкото дејство ќе биде уште поголемо.

Вино Розе

Токму ваквото вино се смета дека ја буди желбата за секс, и кај мажите и кај жените. Сепак со ваквиот афродизијак мора да се биде умерeн зашто ако повеќе од него се испие ефектот може да биде спротивен.

Бразилски оревчиња

Богати се со селен, цинк и минерали кои позитивно влијаат на зголемување на бројот на сперматозоиди, но и ја зголемуваат возбудата особено кај мажите.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....