13:00 - 7 ноември, 2026

Петар Грашо со втор концерт во Скопје

Популарниот хрватски музичар Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во Скопје, во Македонска филхармонија.

Вториот концерт на Грашо е закажан за 27-ми април од 21 часот.

Првиот концерт на Грашо кој е распродаден е закажан за 26-ти април.

Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак, е музички илузионист, со тежина која веќе 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овојпат.

Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, можат уште веднаш да си купат влезница за вториот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....