6.8 C
Скопје
04:30 - 31 март, 2026

„Оживејте“ ги домашните билки со помош на овој трик

Една жена го откри овој одличен трик со чија помош можете да ги „оживеете“ домашните билки кои малку се исушиле и започнале да венеат.

Понекогаш не е доволно само да ги полевате билките, но една едноставна состојка може да ви помогне побрзо да ги „подигнете“.

Мешавината на вода и горка сол (епсом сол) со која ќе го „истуширате“ цвеќето ќе го направи посреќно, напиша една Австралијанка покрај фотографијата од своето цвеќе кое го оживеала со овој трик.

Горката сол или епсом сол која може да ја купите во аптека е богата со магнезиум сулфат, кој го поттикнува производството на хлорофил, додека топлата вода ги убива штетниците во земјата.

Кога билките ќе дехидрираат, листовите започнуваат да овенуваат, да се сушат и да опаѓаат. Водата е инаку дел од структурата на билките и помага тие да бидат исправени и здрави. Полевањето секако ќе им помогне на билките, но горката сол
ќе ја збогати билката со магнезиум сулфат.

Магнезиумот сулфат му помага на семето подобро да изрти, на билката да биде погуста, да има повеќе цветови, го поттикнува производството на хлорофил и ги уништува штетниците.

Препораката е инаку на 3,7 литри вода да ставите две лажици горка сол и со оваа мешавина да ги прскате билките по листовите еднаш месечно.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....