13:51 - 4 април, 2026

„Носам паштета и кога летам бизнис класа“: Марија Шерифовиќ искрено за мајчинството и животната филозофија

Пејачката Марија Шерифовиќ отворено проговори за најважните работи во својот живот – музиката, мајчинството и односот кон парите, откривајќи детали кои ретко ги споделува со јавноста.

Во разговорот, таа посебно се осврна на својот син Марио, кој, како што вели, веќе расте опкружен со музика.

„Тој слуша сѐ што слушам и јас – од Шабан, па до Бруно Марс. Кај нас отсекогаш се слушала добра музика, без разлика на жанрот“, вели Шерифовиќ.

Пејачката откри дека неодамна објавила и албум со детска музика, на кој работела со својот брат Даниел Павловиќ и долгогодишниот соработник Душан Алагиќ.

Говорејќи за тоа дали би сакала Марио да тргне по нејзините стапки, Марија беше искрена.

„Ниту би сакала, ниту не би сакала. Секоја душа што доаѓа на овој свет има свој пат. Ако тоа е негова желба – мајка ќе му помогне. Само би сакала да биде барем еден процент подобар од мене“,  изјави пејачката.

Шерифовиќ зборуваше и за својот однос кон парите, потенцирајќи дека не живее оптоварена со материјалното.

„Денес можам да јадам паштета, утре бифтек. Кога имам, имаат сите околу мене. Кога немаме, јадеме што имаме. Тоа е многу едноставна филозофија“, изјави таа.

Во тој контекст, откри и анегдота што ги насмеа многумина: „Летам преку океан, бизнис класа, има кавијар, шампањ… а јас си носам паштета“.

Пејачката призна дека најголем предизвик ѝ било усогласувањето на кариерата со мајчинството.

„Марио се роди во декември 2023, а јас веќе имав албум и турнеја. Беше тешко. Затоа сега сум целосно посветена на него – не ме интересира ништо друго. Одиме, се сончаме, гледаме изгрејсонце и зајдисонце… тоа е сѐ што ми треба.“

Иако публиката со нетрпение очекува нова музика, Шерифовиќ вели дека засега не брза: „Ќе дојдат нови песни, можеби оваа или следната година. Но, сега е време само за него“.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....