16.8 C
Скопје
19:44 - 27 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (13. – 19. ДЕКЕМВРИ): Успех за Рибите, одлични вести за Биковите, љубов за Девиците!

Оваа недела планетата Марс ќе влезе во знакот на Стрелец, а планетата Меркур во Јарец, со што ќе донесе добри вести за сите земјени знаци. А вие, во кој знак сте родени?  Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите за седмицата пред нас!

Овен: Меркур неповолен
Вашата недела започнува со прекрасен лунарен понеделник, но за жал продолжува со влегувањето на планетата Меркур во „непријателскиот“ знак Јарец во вторник. Во следните неколку недели, може да почувствувате потешкотии во комуникацијата со вашите претпоставени, колеги или членови на семејството,  и романтични недоразбирања, како и професионални. Сепак, почнувајќи од вторник, Марс се враќа да ви се насмевне, давајќи ви малку повеќе енергија.

Бик: две одлични вести!
Оваа недела ве очекуваат две одлични вести! Почнувајќи од вторник, планетата Марс повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и ќе почувствувате добро закрепнување од психофизичка гледна точка. Исто така, почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе се врати да ви се насмевне, подготвена да ви приреди убави изненадувања во наредните недели на професионален план. Време е да прославиме со убав шопинг!

Близнаци: добри и лоши вести …
Оваа недела ве очекуваат добри и лоши вести. Да почнеме со лошите: почнувајќи од вторник планетата Марс ќе влезе во спротивставеност на вашиот знак, со што ќе се чувствувате повеќе уморни и под стрес. Добрата вест сепак е што – повторно почнувајќи од вторник – планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција и конечно ќе можете да решите некои работи на работа кои многу ве загрижуваат во последно време.

Рак: Меркур во опозиција
За жал оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Меркур ќе влезе во опозиција на вашиот знак, и ќе стигне до планетата Венера. Во следниот период може да наидете на некои блокади или забавувања на полето на работа и комуникација, во канцеларија, но и во семејството, нема да ви биде воопшто лесно…Искористете го денот недела, кога ќе имате убава среќна месечина на ваша страна.

Лав: обновување на енергијата!
Оваа недела – почнувајќи од вторник – планетата Марс ќе престане да биде неповолна за вас и ќе се врати да ви се насмевне: стресот и уморот од последниот период ќе станат далечно минато, и, малку по малку, ќе можете да се опуштите и да ја обновите енергијата. Најсреќните денови во неделата ќе бидат понеделник, петок и сабота, кога на ваша страна ќе имате прекрасна месечина.

Девица: Меркур се враќа да ви се насмее!
Оваа недела конечно планетата Меркур ќе се врати да ви се насмее! Почнувајќи од вторник може да се појават нови можности, особено на работното место. Венера, исто така поволна, ќе им помогне на слободните во остварувањето на ветувачки средби. Искористете ги деновите вторник, среда и четврток, кога ќе имате прекрасна месечина на ваша страна. Малку нервозни ќе бидете во петок и сабота.

Вага: Месечина во опозиција
Оваа недела започнува со прилично напнат понеделник, во кој ќе мора да ја издржите месечината во опозиција. Понатаму, од вторник планетата Меркур ќе заземе неповолна позиција за вашиот знак: во следните недели може да наидете на повеќе пречки на полето на работа, но ништо што не можете да го надминете! Планетата Марс, повторно почнувајќи од вторник, се враќа да ви се насмее и да ви даде сила и енергија.

Шкорпија: напната недела, но поволности на работа!
Оваа недела ќе биде малку тешка за вашиот знак, особено во вторник, среда и четврток, кога спротивставувањето на Месечината ќе ве натера да се чувствувате омаловажено и нерасположени. За среќа, планетата Меркур ќе се погрижи да ви ја врати насмевката: почнувајќи од вторник, нејзиното благотворно влијание ќе ви даде нови можности и интересни деловни средби кои треба да ги искористите! Среќен ден: недела.

Стрелец: добредојде Марс!
Оваа недела планетата Марс ќе застане на ваша страна! Така, почнувајќи од вторник ќе бидете бомба со енергија, полна со решителност и желба за работа. Не дозволувајте месечината во опозиција да ве онерасположи во петок и сабота: добрата вест е на самиот агол и нема причина премногу да се грижите за некои непријатности… Поволниот Јупитер гарантира долгорочен успех.

Јарец: добредојде, Меркур!
Дали сте подготвени да ја пречекате планетата Меркур во вашиот знак? Почнувајќи од вторник би можеле да пристигнат добри вести, особено во однос на работната средина. Венера исто така сјае во вашиот знак, подготвена да им помогне на сите парови да направат големи планови за иднината. Искористете ги среќните денови вторник, среда и четврток. Сепак, лош ден е – недела.

Водолија: станува сè подобро!
Оваа недела ве очекува убаво обновување на енергијата: по прилично стресен период, во кој моравте да го издржите Марс во неповолна положба, сега оваа планета ќе се врати активна во ваша корист и, малку по малку, ќе можете да го остави стресот зад себе… Работното поле го фаворизира планетата Јупитер и во понеделник и петок може да добиете добри вести! Неповолни месечеви денови: вторник и среда.

Риби: одлично!
Оваа недела планетата Меркур конечно ќе се врати да ви се насмее, подготвена да ви донесе убави деловни средби – почнувајќи од вторник – неколку добри вести доаѓаат во врска со работното место! Помеѓу вторник, среда и четврток, може да добиете важен повик или убава награда на работа. Среќна е и сентименталната сфера, со прекрасна Венера во Јарец која ги фаворизира средбите кои се предодредени да траат.

Слични објави

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо
Се вчитува....