11:39 - 5 декември, 2025

НАЈПЛАТЕНИ МОДЕЛИ ВО 2021: Убавината и виткоста не се единствени критериуми, туку…

Форбс ја објави листата на годишното рангирање на најплатените модели во светот, на која предводи младата Кардашијан, Кендал Џенер, а по неа следат…

Како и секоја година, Форбс ја составува Топ 5 листата на најплатените модели во светот. Според критериумите кои се земаат предвид за рангирање, не е доволно да се биде само убава и витка, туку потребно е да се има и личност, односно карактер, да се има моќ на влијание врз луѓето, и последно, но воопшто не помалку важно, во предвид се зема професионализмот.

Прва на листата се најде Кендал Џенер, со заработувачка од 22,5 милиони долари, позната на пошироката јавност по реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“. Младата девојка стана ѕвезда на модните писти неколку години по нејзиното деби во 2011 година. Моментално најбараната манекенка на светот, со долги нозе и лице на кукла, Џенер е професионалец во индустријата.

instagram

Втора е Карли Клос, со 13 милиони долари. Кариерата ја започна на само 15 години, но од 2011 година, со соработката со познатиот бренд за долна облека Victoria’s Secret, го достигна врвот на популарноста, сè уште одржувајќи големо влијание во модниот сектор и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Трета на листата е Криси Тајген со 11,5 милиони долари. Почна како модел во 2004 година, откриена од фотограф додека работела во продавница. До денес таа не е само една од најплатените модели, туку и сопруга на пејачот Џон Леџенд.

Криси Тајген, фото инстаграм

Четвртото место припадна на Рози Хантингтон со 11,5 милиони долари. Топ моделката била откриена во 2007 година, а од година в година ги прошета најголемите модни писти во светот соработувајќи со најпознатите модни марки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

Петта во рангирањето е Кара Делевињ, со 10 милиони долари. Модната кариера ѝ започна на 17 години, следуваше лансирање на светско ниво преку кампањата за убавина на Барбери, но тоа беше само почеток на брилијантната кариера. Следуваа соработки со брендови како Блумарин, Версаче, Ла Перла, Фенди и Шанел.

Кара Делевињ, фото инстаграм

Надвор од листата на Топ 5, според заработувачката, високо се рангирани Жизел Бундхен, со 10 милиони долари, која кариерата на модел ја започна на само 14 години и сега е икона на модниот свет.

Жизел Бундхен, фото Инстаграм

Следат сестрите Хадид, Џиџи и Бела, со 9,5 и 8,5 милиони долари.Џиџи ја започна својата кариера на само две години, откриена од модниот дизајнер Пол Марчиано, станува заштитно лице на Baby Guess, додека Бела на 16 години потпиша договор со IMG Models и денес работи на по околу 30 модни ревии по сезона, на бројни рекламни кампањи за главните брендови за луксузна облека односно висока мода.

Конечно, убавата Џоан Смолс, со 8,5 милиони долари, е зад нив, која својата светла кариера во модата ја започна во 2007 година, дебитирајќи на модните писти на Тори Бурч.

 

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....