14:55 - 1 април, 2026

МАКЕДОНИЈА СО УСПЕШНОСТ ОД 68 ПРОЦЕНТИ: Претставен e првиот европски атлас на политики за третман на неплодност

Првиот Европски атлас на политики за неплодност беше претставен пред Европскиот парламент. Преку интерактивна мапа беа презентирани интегрираните податоци за пристапот и политиките за третман на неплодност на европско ниво.

Атласот ги сумира податоците за земјата во три сегменти кои го оценуваат пристапот и политиката на лекување на неплодност – законодавната рамка, финансирањето на лекувањето преку здравствениот систем и искуството на пациентот.

Според овие показатели, најдобри резултати имаат Белгија, Израел и Холандија со 86% од вкупните бодови. Со 76% од вкупните бодови, Хрватска е во втората најдобра категорија земји, заедно со Србија (71), Словенија, Норвешка, Унгарија и Велика Британија.

Македонија пак, се наоѓа во медиум категоријата, со 68 проценти на успешност, заедно со Германија, Австрија, Италија и Бугарија.

На самото дно на рангирањето е Албанија како последна со само 13% од вкупните бодови, а над неа се Ерменија, Полска и Ирска.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....