06:59 - 12 март, 2026

ЛУКАС СО СЛИЧНО ИСКУСТВО КАКО НОВАК, НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ АВСТРАЛИЈА: Треба да им се одземе Гран слим лиценцата, па нека играат со кенгурите!

Српскиот пејач Аца Лукас застана на страната на Новак Ѓоковиќ кој моментално минува низ агонија во Мелбурн. Тој раскажа како и самиот доживеал непријатност со австралиските власти.

– Поминав на сличен начин како Новак. Ми ја одобрија визата и се беше во ред, закажани концерти, се беше распродадено и наеднаш ми се јавија од амбасада три дена пред заминување да ми кажат дека ми е откажана визата со образложение дека некој ги известил дека сум бил осудуван што не е вистина – истакнува Аца.

-Моето име го нема во судската евиденција меѓу осудените лица. Го потпишав опортунитетот, значи не сум заведен како осуденик во судската евиденција. Не можам да бидам меѓу осудените ако имав спогодба. Некој им доставил текст од весник и врз основа на тоа тие ми ја укинале визата без да  проверат. Па, во весникот пишува и дека јас сум Аца Лукас, но не сум, јас се викам Александар Вуксановиќ – рече тој.

После неколку дена, овде лично конзулот ме повика да ми каже дека можам повторно да го поднесам барањето, дека ќе ја исправи грешката и затоа му изкажав сè и завршив со него и со Австралија. Знаете кога ќе одам таму?! Никогаш! Напишете го НИКОГАШ со големи букви! Сè на сè, земја што треба да се избегнува – објасни Лукас.

Кога станува збор за ситуацијата на Новак, Аца не штеди остри зборови на сметка на властите во Австралија.

– Поради тоа што му го прават на најдобриот спортист и човек на сите времиња, на хуманист, треба да им се одземе Грен слем лиценцата. Целиот свет е со Новак во оваа борба и сакам тој да истрае. Што се однесува до мене лично, тој веќе победи – заврши Лукас, а известува „Телеграф“.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....