19:57 - 9 јануари, 2026

Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц – „ДС Колектив“ со нова песна и спот!

Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V.

– Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”.  Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите” – велат од DS Collective

– Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш зошто да не излеземе од комфорт зоната, се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц, сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници”  – вели Стефан Сајковски – DS Collective

Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костоваки и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ)

Имено, Стефан пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни под насловот “Јас сум,ние сме”, а темата “Свет” е дел од истиот. Албумот е достапен на сите онлајн платформи Јутуб, Спотифај, Дизер и др.

Слични објави

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

E.A.

Дедо Мраз го прекина настапот на Гога Секулиќ во Бар: Пејачката доживеа шок на сцена

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ го покажа најхрабриот стајлинг: Ретко кој се осмелува да облече ваква комбинација

Еспресо
Се вчитува....