5.8 C
Скопје
01:29 - 1 април, 2026

ЈОВАНА БАЛАШЕВИЌ ГО ДИГНА ИНСТАГРАМ „НА НОЗЕ“: Автомобилот во чад, пожарникарите стасале на време…

Јована Лола Балашевиќ (41), ќерката на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, живее во стан во Нови Сад со семејството, а нејзината објава на социјалните мрежи ги вознемири сите.

инстаграм

 

Јована снимила кога еден од автомобилите на паркингот наводно се запалил пред зградата во која живее и тоа го објавила на својот инстаграм-профил. Таа објасни што се случило, како и дека сите се добро, а дека противпожарната служба реагирала навреме и спречила полоши последици.

„За среќа, нашата „слепа“ улица беше проодна, па пожарникарите можеа да влезат. Што инаку не е вообичаено. Возачите ги оставаат своите автомобили на патот, со телефонскиот број на шофершајбната ако треба да го поместат автомобилот“, напишала таа покрај видеото од автомобилот во чад.

Ќерката на Балашевиќ сѐ снимала од својата тераса, а како што напишала, нејзината улица често е блокирана од автомобили.

Инаку, Јована е постарата ќерка на починатиот новосадски кантавтор и поет Ѓорѓе Балашевиќ.

Јована е во брак со црногорскиот политичар Александар Јовановиќ, со кого има две ќерки Симона (8) и Петра (5).

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....