00:57 - 23 ноември, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) ГРАД ОД МЕДЕЊАЦИ: Божиќно волшепство кое ве враќа во детството, тука сè се јаде и преслатко е!

За време на Божиќ, децата од градот Берген во Норвешка помагаат да се направи градот од медењаци Pepperkakebyen. 

инстаграм

Традицијата почнала во 1991, како дел од колективната прослава на божиќните празници.

Градот се прави цел месец, а готов е на Божиќ.

Годинава го посетиле околу 20.000 луѓе. Обично слаткиот град привлекува 100 илјади гости, но овојпат бројот бил ограничен поради пандемијата.

Освен куќички, градот има околу две илјади згради и возила – речиси сите направени од медељаци и украсени со чоколада, глазура, слатки, шлаг…

Тука се секако и слатките хотели, музеи и замоци, локални знаменитости, црквичка која датира од 1150 година…

инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм

Иако децата се тие кои најмногу му се радуваат, но и кои активно учествуваат во градењето на слаткото гратче, сепак, сите жители на Берген земаат учество во градењето.

Интересно е што Берген не е единствениот норвешки град кој може да се пофали со ваква слатка атракција. Гардови од медењаци за божиќната сезона може да се видат и во Стравангер, Хамерфест, Фредрикстад и Бодо. Сепак, слаткиот град во Берген е најславен и најголем.

Уживајте во преслаткото видео. 

Слични објави

Мина Костиќ ќе се мажи! Пејачката го откри точниот датум кога ќе се венча со Каспер

Еспресо

(Фото) Неда Украден го прослави Свети Архангел Михаил: Пејачката се дотерала, а на свечената маса се погрижила за секој детаљ

Еспресо

(Фото) Ја раскопчал кошулата и ја залижал косата! Синот на Харис Џиновиќ со новиот изглед го привлече вниманието на девојките

Еспресо

Полната Месечина на 24 ноември носи големи пресврти — четири хороскопски знаци ги очекуваат судбински одлуки

К.С.

(Видео) Јована Јеремиќ повторно шокира, направи стој на раце среде студио и покажа повеќе одошто требаше

Еспресо

„Сè уште сум преплашена“: Српската пејачка била во авионот на „Ер Србија“ кој беше погоден од гром

Еспресо
Се вчитува....