Проѕирните фустани во последно време се повторно многу актуелни, а Наоми е вистински пример како се носи овој модел за да не делува вулгарно и евтино.
Ова елегантно издание на манекенката предизвика вистинско воодушевување, па позитивните коментари не престануваат да пристигнуваат на нејзиниот инстаграм-профил. Кога прошетала по црвениот тепих на доделувањето на наградите од областа на модата, одржано во Лондон, сите погледи биле насочени во нејзин правец, пишува Дејли мејл.

На настанот беше прогласена за модна икона на годината. По преземањето на наградата Наоми одржала емотивен говор и се расплакала.
„Наградата ѝ ја посветувам на мајка ми. Таа сама ме порасна и ми беше и мајка и татко. Таа е мојата најголема поддршка“, рекла Наоми.

„Оваа награда ми значи уште повеќе бидејќи сум првата Афроамериканка што го добила ова признание“, додала манекенката.