2.8 C
Скопје
17:27 - 22 декември, 2024

ЃОРЃИ ВАРЕЛОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ ДЕДО МРАЗ: Сакам само децата да бидат среќни  

Да беше Финска на наше место, ќе му се поклонеше, и од него ќе направеше бизнис, колку и тој да се противи на тоа.

Има 61 година и би требало да си чека пензија, ама не, тој е поактивен од кога било, на памет не му доаѓаат ни пензии ни заработувачки, сака да си биде Дедо Мраз. И навистина е тоа, навистина Дедо Мраз постои. Живее во Кавадарци. Се одѕива на името Ѓорѓи Вареловски.

Ја носи животната радост на дете. А татко е на два сина кои ги израснал со огромна љубов и почит, и двата денес тргнати по свој пат, вработени. И драг сопруг е на Милка, која веројатно би требала да се вика Ѕвончица. Во „слободно време“ е час совесен мајстор, час е Петар Пан, а за време на празничната сезона, тој е Дедо Мраз.

Сè што ќе заработи во текот на годината како мајстор, како градежен работник, го троши на хуманитарни активности.

– Не мислам да престанам, а не мислам никако да правам бизнис од мојата работа – искрен е Ѓорѓи.

И да, неговата работа е баш – работа. Не е лесно да се дочекуваат стотици деца неделно, при тоа домот да ви е постојано отворен, да се украсува дворот, да се набавува храна и пијалаци за сите гостинчиња да бидат услужени и за да бидат сите весели. Да се објаснува. Да се раскажува, да се пренесува македонската традиција во двор уреден како музеј.

Веќе 24 години го прави тоа. И не е уморен од тоа што го прави, напротив. Почнува од ноември, со првото китење на дворот и на елката.

Се сеќава на своето детство и младост.

– Сè сум видел и секаде сум прошетал. Душевно сум богат. Пред две и пол децении добив шестка на лото и така почнав. Ама на мојата приказна, претходи приказна – вели нашиот Дедо Мраз.

Се сеќава на детството, кога татко му за првпат украсил дрво во дворот. И децата – среќни, ѕиркале да видат што се случува.

Со шестката добиена на лото Ѓорѓи купил шест дрвја и една елка. За да личи на домот на Дедо Мраз. А, за овие изминати години има дарувано над 23.000 пакетчиња, без спонзорства.

Во просек вложува до 2.000 евра годишно, за украси на дворот, за лампиони на елката, а често знае и да плати комбе за деца да дојдат тука од различни области на Македонија.

– Нека се среќни – тоа му е одговорот.

Ама денес има една мака. Иако, за него тоа не е мака.

– До пред две години бесплатно ги давав пакетчињата, а сега тие чинат симболични стотина и кусур денари – вели.

Не дека нашиот Дедо Мраз заработува од нив, туку луѓево – „ете, наплаќа за пакетче“. Дури и кога тоа чини повеќе отколку што навистина – чини.

Не грижете се, нема да ви наплати ако го посетите.

Има и црвено сандаче во неговот двор. Па, ако сте хумани, донирајте. Тој ќе ги распредели вашите пари во вистински раце, за хумани цели. А ние ви титнуваме – за. Иако не сме во Лапонија.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....