09:18 - 4 април, 2026

(Фото) Тајчи го облече познатиот фустан од Евровизија: Вака изгледа југословенската Мерлин Монро 34 години подоцна

Откако групата „Рива“ ѝ донесе победа на Југославија со песната „Rock me“ во 1989 година, Хрватска беше домаќин на 35. Евровизија во Загреб во 1990 година. Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Настапија изведувачи од 22 земји, а потоа победи Италијанецот Тото Кутуњо со песната „Insieme“.

Со својата убавина и енергија, младата Тајчи ги засени сите, која неодоливо потсетуваше на Мерлин Монро, а со песната „Хајде да лудујемо“ го освои седмото место. Тајчи (53) со објава на Инстаграм се присети на розовиот фустан кој ѝ стои одлично и денес иако поминаа три децении.

Со фотографијата таа докажа дека одржува одлична фигура како 20-годишната верзија на себе.

„Истиот фустан 34 години подоцна. Одлично се држи“, напиша Тајчи во описот и ги објави фотографиите.

Татјана Камерун Тајчи се уште се занимава со музика, но и со мотивациони говори во Америка, каде што живее со години.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....