18.8 C
Скопје
16:10 - 26 април, 2024

(ФОТО) ПАТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ДЕДО МРАЗ: Божиќна атмосферата во Рованиеми денес

Сите ги знаат ирвасите на Дедо Мраз. Тука е Рудолф, се разбира. И Донер. И Дици. И Спанко? Веројатно и Гамби? Со над 200.000 ирваси во финската Лапонија, Дедо Мраз го има својот избор од најсилните и најбрзите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Only in Lapland (@onlyinlapland)

Фото – Лапонскиот Дедо Мраз – Инстаграм

Има причини, и тоа бројни, зошто е Лапонија најпосакувана зимска дестинација особено пред Нова година. Од Лапонија ни доаѓаа и Дедо Мраз.

Лапонија е регион населен од народот Саами, а денес административно е поделена меѓу две земји – северната провинција на Финска го носи името Лапонија, додека шветскиот дел се вика Лапланд. Според статистиките, во Лапонија живеат околу 70.000 Саами жители, а арктичкиот предел е дел од листата на заштитени културни наследства.

Пристигнувањето во срцето на Лапонија пред новогодишните празници е како да патувате низ магија: горчлив студ од најмалку -10 степени кој веднаш го заборавате штом ќе ја допрете топлината на божиќниот дух што ја има Рованиеми, градот на Дедо Мраз.

Рованиеми се наоѓа на северот на Финска, градот е на географска ширина од 66 ° 32 ’35’, точно во кореспонденција со паралелата што го дефинира Арктичкиот круг. Поточно, градот на природните феномени (полноќно сонце во лето, денови на тотален мрак во зима, шоу на северна светлина…)се наоѓа токму таму каде што се спојуваат реките Кемијоки (најдолгата река во Финска) и Оунасјоки: тие замрзнуваат во зима, создавајќи уникатен природен спектакл.

Селото на Дедо Мраз

Рованиеми е официјално признат како град во кој живее Дедо Мраз. Всушност, легендата вели дека оригиналната куќа на Дедо Мраз се наоѓа на мистериозната планина Корватунтури, тајно место познато само на многу малку луѓе. Меѓутоа, во 1985 година, Дедо Мраз решил да отвори своја канцеларија токму овде, во Рованиеми, за да ги запознае децата кои сакале да го поздрават. Така се родило селото на Дедо Мраз кое се наоѓа веднаш надвор од градот Рованиеми, на голема површина каде што можете да ги доживеете духот и магијата на Божиќ и тоа 365 дена во годината! Дедо Мраз доаѓа овде секој ден и можно е да се сретнеме со него за да се фотографирате заедно. Влезот во селото е бесплатен, додека се плаќа фотографијата со Дедо Мраз.

Селото нуди бројни активности атрактивни особено за децата: можете да одите на санкање со ирвасите на Дедо Мраз, да играте со хаски, да ја посетите поштата каде секојдневно пристигнуваат илјадници писма од млади и стари од целиот свет; да ги запознаете џуџињата кои му се помошници на Дедо Мраз, да преспиете во хотел од мраз…

Рованиеми може да го посетите во текот на целата година, но вистинската магија која не може да се најде на ниедно друго место во светот, се случува во месеците ноември и декември.

Друг период кој, според туристите, е идеален за посета на Рованиеми е периодот меѓу февруари и март. Во овие месеци, всушност, поверојатно е да му се восхитувате на спектаклот на Северната светлина која овде се манифестира во прекрасни бои.

180 дена годишно врне снег

За да добиете јасна претстава за тоа колку е студено во Рованиеми, само помислете дека просечната годишна температура е 0,9 степени Целзиусови. Оваа неверојатна бројка е резултат на долгите и ледени зими во кои температурата лесно достигнува -30 степени. Летата се поблаги, со температури кои се искачуваат до 25-30 степени во најтоплите денови. Присуството или отсуството на снег (во просек има 180 дена снег годишно) го прави пејзажот на Рованиеми и Лапонија сосема поинаков од една сезона во друга.

Поларна светлина

По селото Дедо Мраз, најголемата причина што ги тера туристите да го посетат Рованиеми е поврзана со можноста да ја видат Поларната светлина (Северна светлина). Во оваа област, всушност, процентот на шанси да се види Поларната светлина е десет пати поголем отколку во остатокот од Финска. Најдобро време за да ја видите е од крајот на октомври до почетокот на април, иако многу е веројатна и во ноќите на месеците февруари и март.

Интересни факти за Рованиеми

Во посета на Рованиеми, ќе откриете низа посебни куриозитети, како на пример:

Името Рованиеми потекнува од самискиот збор „роавве“ што значи пошумен рид. Во Рованиеми земјата е покриена со снег повеќе од 180 дена годишно – практично точно половина од календарската година! Тука може да јадете во вториот најсеверен „Мекдоналдс“ во светот, (најсеверниот е во блискиот Мурманск во Русија). Помеѓу летото и зимата може да има температурен опсег до 70 степени. Во градот има две фудбалски екипи, од кои едната се вика ФК Дедо Мраз. Рованиеми има густина на население од само 7 жители на квадратен км.

Во продолжение уживајте во атмосферата на Рованиеми денес:

Фото – Поштата на Дедо Мраз

Дедо Мраз на прошетка со иравасот – фото Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Rovaniemi (@visitrovaniemi)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Rovaniemi (@visitrovaniemi)

Оваа планина со уши од лисица на источната граница на Лапонија се вели дека е локацијата на работилницата на Дедо Мраз, фото – Инстаграм
Ако ставите картичка, писмо или пакет во црвеното поштенско сандаче во главната пошта на Дедо Мраз, тие ќе бидат испратени следниот Божиќ. Сите писма испратени од тука добиваат ексклузивен поштенски печат од Арктичкиот круг. Фото- Инстаграм
Во декември со Дедо Мраз може да си закажете и видео средба, фото Инстаграм
Фото – инстаграм

 

 

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо
Се вчитува....