14.8 C
Скопје
17:34 - 14 март, 2026

(Фото) „Нина Бадриќ со фотографија од 1999: „ Тогаш никој не веруваше дека ќе успеам, ама еве ме!“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографии од 1999 година, направени во хотелот Еспланада во Загреб, кои ги фотографирал нејзиниот пријател Бојтроник од групата „Електро Тим“.

„’99-та година, единствено се слушаше соул и r&b. Во Хрватска владееја забавната музика и тамбурашите, ама јас не се замарав со тоа и удирав по американски стил. Во фазон ‘Дајте ми црн Американец да му покажам како се игра нашето хоро‘, нели така, Бојтроник?!“ – напиша Нина под фотографиите.
Таа продолжи:

„Повеќето се кладеа дека нема да стигнам ни до втор албум со таква музика, ама мислам дека ова веќе беше ‘третиот‘. Тоа беа времиња на Нокија телефони, кога батеријата траеше 10 дена без полнење. Повеќето од фотографиите од тој период ги направи Бојтроник, кој беше продуцент на песните и голем вљубеник во фотографијата. Искрено, понекогаш ми одеше на нерви бидејќи постојано фотографираше, но денес сум му благодарна за тоа.

Тогаш никој не се фотографираше толку често, бевме слободни од социјалните мрежи, уживавме во моментот и се шегувавме по цели денови. Во хотелот Еспланада бевме само затоа што кога имаш 20 и нешто години, мислиш дека треба да бидеш на места каде што одат возрасните, без разлика што последните пари ги трошиш на штрукли.“

Оваа носталгична објава на Нина предизвика многу позитивни реакции кај нејзините следбеници, кои ја пофалија за нејзината искреност и природен дух.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....