22:15 - 22 септември, 2026

(Фото) Проблем до проблем: Марија Шерифовиќ ги однела малиот Марио и мајка си на Јахорина…

Поп-пејачката Марија Шерифовиќ пред две недели била во Јахорина со синот Марио и мајката Верица Шерифовиќ, но таму наишле на проблеми.

Имено, иако за првo заедничко зимување со малиот Марио ја избрале Јахорина, која е релативно блиску,  Верица инсистирала да отпатуваат со авион за Сараево. Меѓутоа, таму ги снашле проблеми.

Тогаш летот бил откажан, па од аеродромот се упатиле кон автомобилот и така по речиси пет часа возејќи на силен снег стигнале до планината.

– Сине, ова не е за нас, мајка те гледа само на плус 30 – рекла Марија во блогот и истакнала дека не е голем љубител на снегот.

Директно од Јахорина, Марија со семејството се упатила кон Сараево, каде имала закажан концерт, но таму се појавиле нови проблеми.

Верица се вкочанила поради силните болки во грбот, па Марија морала да и ги обезбеди сите потребни лекови за што побрзо да закрепне.

Марија Шерифовиќ истакна дека 2024 година за неа била полна со предизвици, но дека во неа научила што всушност е љубов.

– Зад мене е година полна со предизвици и нови лекции. Зад мене е годината во која и официјално дознав што е љубов и што значи да се сака. Конечно сè е на свое место. Турнејата „Долази љубав“ нè однесе низ Загреб, Риека, Осиек, Славонски Брод, Сараево, Тузла, Подгорица, Скопје, Нови Сад, Ниш, Крагуевац… Сеќавања кои вечно ќе ги паметам!!! Ви благодарам што сте тука и што стареете со мене. Благодарност до моето семејство и пријателите што се тука. Покрај вас какви што сте, човек навистина може да се спие мирно. Одиме напред со еднаква вредност, еднакво фер и чесно кон светот и луѓето. Ве сака сите Шеки! Среќна Нова година – напиша Марија на својот профил.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ денеска полни 31 година: Мајка ѝ Борка објави досега невидени фотографии од нив двете

Еспресо

Сузана Манчиќ за новата улога на баба: „Ѝ реков на ќерка ми дека нема многу да ѝ помагам“

Еспресо

„Еден бакнеж“, песната од која Нина Спирова не била воодушевена, а станала нејзин заштитен знак

Т.Ц.

Милиќ Вукашиновиќ жестоко го прозва Бреговиќ: „Стана мала селска измамничка“

Еспресо

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо
Се вчитува....