11:34 - 7 ноември, 2026

(Фото) Луѓето не можат да поверуваат како изгледа Тања Савиќ – пејачката го покажа лицето без грам шминка

Пејачката Тања Савиќ (41) изгледа како дваесетгодишна девојка, а сега го покажа своето лице без трага од шминка.

Имено, Тања објави видео на Инстаграм од салон за убавина и покажа како да се грижи за своето лице, воодушевувајќи ги своите следбеници.

Савиќ се сликаше без шминка за време на третманот и го покажа своето „вистинско лице“, а додека некои коментираа дека е убава во својата природна состојба, имаше и такви кои ја нападнаа и рекоа дека не личи на себе во оваа состојба.

Патем, Тања цвета покрај својот вереник Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад, а неодамна проговори за медиумите за нивната врска.

– Тој е единствениот што е со мене 24 часа на ден. Тој и моите деца. Поминавме низ толку многу заедно. Заедно сме речиси четири и пол години, се покажа дека сме сродни души. Поминавме и добро и лошо, тој е мојата судбина – рекла пејачката која не крие дека има желба да му роди дете на својот избраник, поради што во последно време интензивно ги посетува манастирите.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....