11:33 - 4 ноември, 2026

(Фото) Секогаш верував во тебе: Соња Тарчуловска емотивна за матурата на синот

Фолк пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски имаа посебна причина за славење – нивниот син Младен го одбележа еден од најважните животни моменти, матурската вечер.

Гордите родители, заедно со ќерките Мелани и Јоана, беа покрај матурантот во оваа значајна вечер, а семејната фотографија зрачи со емоции.

По повод матурската прослава, Соња Тарчуловска сподели емотивна порака посветена на својот син, во која ја отвори душата и зборуваше за неговото растење, трудот и новите почетоци што го очекуваат.

„Сине наш. Денес не славиш само матура, денес славиш години труд, падови, соништа и растење.
Горда сум на момчето што стана човек со срце планина. Појди по својот пат и свои цели.
Нека оваа вечер ти биде почеток на живот исполнет со храброст, љубов и успеси.
Каде и да одиш, носи ја добрината во себе и никогаш не заборавај колку си сакан.
Ти посакуваме да чекориш сигурно, да не се плашиш од нови почетоци и секогаш да веруваш во себе. Исто како што јас отсекогаш верував во тебе. Честита матура, сине!
Да си ми жив, здрав, среќен и насмеан. Те сакаме.“, напиша Соња.

Слични објави

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо
Се вчитува....