16:51 - 1 април, 2026

(Фото) Благоја Чоревски раскажа искрена приказна за сопругата, таа е префинета дама со стил

Вистинска дама со стил е сопругата на актерот Благоја Чоревски, Магдалена Чоревска која му е најголем ветер во грб на својот сопруг долги години.

Во една прилика, во гостување на Тв Сител Чоревски зборуваше за својата сопруга Магдалена, за децата и за внуките. Неговата постара внука Лина Чоревска е актерка во битолскиот театар и таму живее, а помалата внука Лина Тодоровиќ живее во Скопје.

-Сум ги поминал сите будалаштини, сега сум стабилизиран, но детето во мене се уште постои. Еден од големите заслужни луѓе за она што сум денес, освен моите родители, е мојата сопруга- рече Чоревски.

-Воопшто не жалам, и уште 150 години да живеам, истото ќе го правам. Ја љубам оваа професија што не може ништо да ме тргне, дури и см… не знам дали и таа ќе ме тргне од неа- додаде легендарниот актер.

Слика од Чоревски со сопругата и со неговата колешка, Катерина Коцевска објави Драмски театар Скопје на нивниот Фејсбук профил, од премиерата на претставата „Болва во уво“. На сликата се гледа елеганцијата и префинетоста на Магдалена Чоревска.

Фото / Фејсбук на Драмски театар Скопје

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....