19:52 - 9 јануари, 2026

Еве на кој начин комуницираат Северина и поранешниот сопруг Милан

Пејачката Северина Којиќ го загуби спорот со поранешниот сопруг Милан Поповиќ во врска со старателството над нивниот син.

Хрватскиот суд на 28 ноември донесе привремена мерка во која се наведува дека Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ се заеднички старатели на нивниот син Александар.

Пејачката откри дека во пресудата не е наведена адресата на која нивниот син треба да живее, а тоа создава дополнителни проблеми.

– Во пресудата никаде не пишува на која адреса ќе живее Александар. Милан мора да биде на Кипар, бидејќи таму плаќа данок, но тоа не е важно за судот – рекла Северина, а пренесува „Ало“.

Милан претходно изјавуваше дека со синот ќе живеат во Загреб и демантираше дека синот го пријавил за српско државјанство, за која пејачката тврди дека постои и дека Милан лично пред неколку месеци ѝ го покажал пасошот.

Северина открила дека комуникацијата помеѓу нив двајца се одвива исклучиво преку мејлови, а така било и на денот кога е донесена пресудата, а бизнисменот инсистирал уште истата вечер да го донесе нивниот син на адресата во Загреб.

Слични објави

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin

(Фото) Во злато од глава до пети ја распамети публиката: Теа Таировиќ влезе во Новата година како грчка божица

Еспресо

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

E.A.

Дедо Мраз го прекина настапот на Гога Секулиќ во Бар: Пејачката доживеа шок на сцена

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ го покажа најхрабриот стајлинг: Ретко кој се осмелува да облече ваква комбинација

Еспресо
Се вчитува....