14:23 - 31 јануари, 2026

ДЕСТИНАЦИЈА ЗА БЕГСТВО ОД ГРАДОТ: На прилепски ширден во природа меѓу верверички!

Ако сте во близина на Прилеп, скршнете на само неколку километри од центарот на градот. И веќе сте одвоени од градскиот метеж и обиколени сте со прекрасна природа. Се разбира, чистиот воздух го зголемува апетитот, па ете, тука подзастанете. Во ресторанот наречен „Мир“.

Во импозантниот двор на ресторанот, сега обоен од природата во сите еснески најанси, нè пречекува Евгенија Илиоска, ќерката на сопственикот на ресторанот Самоил Илиоски. Таа нè воведува во историјата и гастрономскиот мајсторлак на ова посебно местенце. Мирно местенце. Името што го носи е потполно оправдано.

– Ресторанот е еден од ретките кој ја негува македонската традиција, којашто, за жал, низ годините сè помалку ја сретнуваме. Граден е повеќе години исклучиво од рацете на мојата фамилија, камен по камен, со идеја и желба да се зачува традиционалното. Изграден е со многу љубов и со огромно трпение. А, локацијата е одбрана со една и единствена цел – спокојство далеку од градскиот метеж и одмор за душата – ни вели Евгенија.

Уште на прв поглед впечатлив е етно-стилот на целиот објект. А штом впловите во атмосферата, разбирате дека тука се негува фолклорниот македонски изглед и традиција. Се служат традиционални специјалитети, подготвени од врвни мајстори на кулинарството. Зачуваните предмети од предците на Евгенија, како декорација, се уште едно богатство плус. 

Ја прашуваме Евгенија што да си каснеме.

– Традиционалните специјалитети се број еден во нашата кујна, приготвени со љубов и внимателно одбрани. Би го издвоила прилепскиот ширден како наш најголем специјалитет, но ве уверувам дека што и да одберете од менито, нема да зажалите – нè советува таа.

Секако, дегустираме прилепски ширден. Сочен е и превкусен. Се топи во уста.

Во текот на потоплите денови може да уживате во летната бавча (инаку, ресторанот располага со две големи летни бавчи), со прекрасна трева и цвеќиња, а самата широчина на просторот гарантира приватност. 

Освен вкусните специјалитети ја прашуваме Евгенија што ги враќа гостите секогаш повторно тука.

– Се враќаат тука бидејќи местото нуди не само рај за душата, туку и за очите. Гостите едноставно го обожуваат звукот на природата. Ќе здогледаат верверички како се качувааат по дрвјата и среќата е непроценлива. Децата пак, уживаат и си играат со нашите животни – ни одговара таа.

Секако, поведете си ги дечињата со вас. Има голема ливада на која можат слободно да си трчкаат, да си играат со топка, со играчки, да играат жмурки, брканица, да се лулаат на лулашки и ред други интересни детски занимливости.

При крајот на денот, кога веќе сте во овој предел, може да реоткриете уште една дестинација. Прилепското Езеро. 

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....