6.8 C
Скопје
15:46 - 22 декември, 2024

ЦРВЕНАТА РАСЦВЕТАНА УБАВИНА НА ЖЕНАТА СО ЦВЕТНО ИМЕ – ЈАСМИНА: Колку и да сум уморна од работа, никогаш не го оставам цвеќето!

Ова е цветна приказна за една жена со цветно име – Јасмина. Самото име зборува за каква личност се работи – носи име на цвеќе што има цветови што шират преубав мирис, мирис на парфем, мирис на љубов и позитивна енергија. 

фото приватна архива

Јасмина Ѓуровска живее во битолското село Црнобуки. За убавината да биде уште поголема, таа е жена земјоделка, се занимава со произвотсво на градинарски култури, пиперки и домати. И уште нешто – таа е и жена фармер!

-Имаме мала семејна фарма со крави, ни објаснува Јасмина.

Ама тоа не е сè. Оваа вредница е и фризерка. Вели, тоа ѝ е повеќе хоби, иако има диплома за занаетот. Очигледно сè што ќе фати со своите раце оваа дама, сè ѝ успева. Поточно, сè позлатува, па така и градината полна со неверојатни цвеќиња, изгледа како наросена со злато.

– Љубов кон цвеќето сум имала отсекогаш. Меѓутоа, цвеќина почнав да негувам од пред 10 години. Отпрвин почнав со собни цвеќина, глоксинии, бегонии. Потоа почнав да купувам надворешни цвеќиња, петунии. Од нив наесен си собирав семе, а пролетта си го сеев, па така, две-три години сама си произведував расад за петунии, ни ја раскажува својата цветна приказна жената со цветно име. 

Неколку години Јасмина имала само петунии, па почнала да купува и други видови цвеќе.

– Со повеќегодишно искуство се учи што и како му треба на цвеќето. Јас лично, по листот на цвеќето знам кога му треба прихрана, кога му треба заштита од болест и кога му треба вода. Секоја година учев кое цвеќе какви услови бара, објаснува таа.

Вели дека нејзината тераса наутро, од 13 часот е на сонце, а потоа фаќа сенка. Затоа, на неа може да успеат повеќе видови цвеќе, како сурфинии, петунии, сите видови на сардели и други цвеќиња.

– На мојата тараса од средината на април па сè додека да падне мраз има цвеќе. Значи, мора да биде расцветно! . Кога некое цвеќе ќе се расипе или исуши веднаш го заменувам со ново, додава Јасмина.

За да се одгледува и негува цвеќе мора да се има многу љубов. Цвеќето си сака и време, и внимание.

Има некои кои велат: на два три дена му ставам вода. Јас се чудам како може да очекуваат убавина кога не му посветуваат внимание. Секое слободно време му го споветувам на цвеќето. Секоја вечер, после 21 часот, ги наводнувам. Колку и да сум била уморна од секојдневната земјоделска работа, никогаш не сум го оставила цвеќето без вода. За цвеќето не се штедам, максимално му се посветувам. Со љубов го гледам, а тоа ми враќа со иста мера, раскажува нашата цветна соговорничка. 

Ја прашуваме, колку време му посветува?

– Сигурно еден до два часа во текот на денот, ни одговара таа и продолжува: Секој што ги видел моите цвеќиња ми го поставува истото прашање. Што им правиш на цвеќињата што кај тебе се секогаш убави? Тајната е: прво љубов, работа, време и да не се штедите за цвеќето. Со самата работа околу него ќе почнете да препознавате што, како и кога му треба на растението.
Сарделите на Јасмина се посебна приказна. Во горниот дел има ползечки сардели (мастики) со редок цвет. Во средниот и долниот дел се калиопе, и тие се вид сардела. 
– Сарделите се најиздржливи и на високи и на ниски температури. Мислам дека не се тешки за негување, скромна е Јасмина.
Ѓуровска е горда на своите цвеќиња. Повеќето од нејзините цвеќиња се со црвена нијанса, зашто таа боја ѝ е омилена, но и впечатлива е за боја на цвеќе.
-Горда сум на Дама кавалер, мои најомилени и најубави цвеќиња што сум ги имала. Но и на домашните бегонии, глоксини, темјанушки, сурфинии, кактус, 1001 цвет… и така натаму. Имам над 160 саксии со цвеќе, заклучува Јасмина.
Инаку, Јасмина е членка  групата …ДВОРЧЕТО…
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....