14:21 - 5 декември, 2025

Брус Вилис и Деми Мур беа златниот пар на Холивуд: Погледнете како изгледаат нивните три ќерки (ФОТО)

Деми и Брус се венчаа во 1987 година. Тој имал 22 години и ова му бил прв брак, а 25-годишната Деми веќе имала развод зад себе.

Додека беа во брак добија три ќерки: Румер, Скаут Лара и Талула Бел. Двајцата своите ќерки ги носеле на филмските снимања, а често ги вклучувале и во самите снимања. Сепак Брус и Деми решиле нивните три ќерки да израснат во малиот град Хејли, далеку од Холивуд. Се надевале дека таму барем ќе имаат малку „понормално“ детство.

Обожавателите на Брус и Деми забележаа дека трите девојки по малку наликуваат и на двата родитела.

View this post on Instagram

@allsaints #AdThatNoOneAskedFor

A post shared by tallulah (@buuski) on

Румер Вилсон (31)
Нивната најстара ќерка зад себе има десетина филмови и мјузикли, вклучувајќи го и последниот филм на Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“. Румер се појави и во филмовите „Некогаш и сега“ и во легендарниот филм „Стриптизерка“, кога имаше 8 години.

View this post on Instagram

I ate ? in the ?

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis) on

Скаут Вилсон (27)
Скаут активно се занимава со општествено-корисна работа, со пеење и со мода. Многумина велат дека личи на татко ѝ.

View this post on Instagram

She’s found her light

A post shared by Scout laRue Willis (@scoutlaruewillis) on

Талула Вилсон (25)
Талула се занимава со илустрација. Во 2016 година лансирала сопствена линија на облека, наречена по нејзиниот прекар од детството, Бууски. Линијата се состои од маици и џемпери со нејзини илустрации.

Скаут и Талула се појавија во филмот „Скарлетна буква“ кога имаа 4 и 11 години.

Брус Вилис повторно се ожени и со сопругата Ема има две ќерки, Мејбел (7) и Евелин (5).
Сите негови ќерки добро се согласуваат и поминуваат време заедно. Доказ за тоа е и новата фотографија на инстаграм-профилот на Румер Вилсон на која сестрите се заедно.

И покрај тоа што Деми и Брус се разведоа во 2000 година, целото семејство продолжува заедно да се појавува во јавност.

Слични објави

Денеска ќе наполнеше 48 години: Ксенија Пајчин со себе понесе голема тајна во гроб

Еспресо

(Фото) Вака живее вистинската елита: Најубавата хрватска новинарка и водителка покажа како изгледа нејзиниот „просечен“ ден во Дубаи

Еспресо

Ава Карабатиќ жестоко по ријалити-индустријата: „Жените таму влегуваат за да си ја кренат цената за проституција“

Еспресо

(Фото) Вики Миљковиќ и Нермин во Истанбул: Средбата со турската ѕвезда ги заинтригира фановите

Еспресо

Дара Бубамара во последен момент не се појавила на гламурозен настан, причината била Сека Алексиќ

Еспресо

На Душко Тошиќ му цвета новиот бизнис – Собра милиони преку ноќ

Еспресо
Се вчитува....