13:02 - 30 јули, 2026

БРИТНИ СПИРС ПАК „ПОЛУДЕ“: На сестра ми и мајка ми требаше да им удрам шамар!

Популарната англиска пејачка Бритни Спирс објави уште една долга објава против сестрата Џејми Лин и мајката Лин Спирс.

Драмата сè уште не завршува во семејството Спирс. Изгледа дека Бритни повеќе не сака да молчи, а уште еднаш „пукаше“ во лице на сопственото семејство. Во постираната нова објава на поп-ѕвездата на Инстаграм (подоцна избришана) повторно се најде нејзината сестра Џејми Лин, а овој пат и нејзината мајка.

Зборовите на Бритни се остри и отворено изјави дека требало да им удри шлаканица на сестра си и мајка си „кога имав прилика“.

Новата книга на Џејми Лин, бројните интервјуа и говори продолжуваат да ја вознемируваат Спирс, која верува дека нејзината сестра едноставно сака да добие медиумско внимание.

Пред само неколку дена, Џејми Лин објави пост на Инстаграм во кој ја моли Бритни да го прекине јавното извинување и да и се јави приватно. Молбата, по се изгледа, не била прифатена од постарата сестра.

Во објавата, Бритни сподели анегдота која датира од времето кога се разделила од Џастин Тимберлејк. Пејачката во таа анегдота ги истакна разликите меѓу неа и нејзината помала сестра. Според неа, Џејми Лин била разгалено девојче кое ја користела славата на сестра си.

Бритни овој пат не ја поштеди ниту сопствената мајка: „Жал ми е Џејми Лин, не бев доволно силна да го направам она што требаше да се направи… да ве плеснам тебе и мама право во вашите е**ни лица!“.

 

Слични објави

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Еспресо

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....