15:21 - 6 април, 2026

Зошто мачките им носат глувци на своите сопственици?

маче

Ако редовно ја пуштате вашата мачка да се шета надвор од домот, многу е веројатно дека таа веќе ви го донела својот улов. Студија на списанието „Natural Communications“ открива зошто мачките го прават тоа.

И покрај фактот дека дома тие најверојатно само спијат или се галат, многу е веројатно дека ако ги пуштите надвор, тие целосно ќе се предадат на својот ловечки инстинкт и ќе се обидат да го фатат својот плен.

маче

Мачките се многу паметни предатори и со своите остри заби и канџи лесно можат да се прикрадат по својот плен. Имаат многу развиен ноќен вид и се неверојатно брзи и агилни.

маче

Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи – за да можат мачињата да ја „завршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ги зима со себе на лов. На овој начин ги учи да преживеат во дивината.

маче

Набљудувајќи го овој процес, експертите заклучија дека мачките им го носат уловот на сопствениците со цел да ги нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“, како што многумина го нарекуваат, обично се мртви птици, глувци или слични помали животни.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо
Се вчитува....