12.8 C
Скопје
20:22 - 26 април, 2024

БЕН АФЛЕК ВО НАЈНОВИОТ ФИЛМ НА РОБЕРТ РОДРИГЕЗ: „Хипнотик“ – Детективски трилер опишан како „Хичкок на стериоди“

бен афлек

Роберт Родригез започнува со снимање на филм за кој се верува дека ќе прерасне во можеби најголемиот филмски производ во неговата кариера досега. Тој посочува дека филмот ќе биде возбудливо искуство за љубителите на Хичкок и трилер жанрот. Сценарио е на Родригез и Макс Боренштајн, а снимањето се планира да започне кон почетокот на октомври.

 

По објавувањето на филмот „Можеме да бидеме херои“ на стриминг платформата „Нетфликс“ во декември минатата година, режисерот Роберт Родригез не дозволи да помине долго време пред да започне со работа на серијата „Книгата на Боба Фет“, најнов додаток на франшизата „Ѕвездени патеки“, што ќе се емитува на „Дизни+“.
Сепак, се чини дека Родригез нема време за чекање, ниту пак дозволува да остане без ангажман и со празни раце. Неговиот концертен документарен филм за Били Ајлиш „Посреќна од било кога: Љубовно писмо до Лос Анџелес“, премиерно беше прикажан на 3 септемви годинава, а неодамна тој објави дека работи и на нов проект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Solstice Studios (@solsticestudios)

Новиот филм на Родригез, опишан како „Хичкок на стероиди“

Станува збор за „Хипнотик“, трилер чиешто сценарио е напишано од Родригез и Макс Боренштајн (најпознат по сценариото за „Годзила наспроти Конг“). Снимањето на „Хипнотик“ се планира да започне кон почетокот на октомври, а главните улоги ќе ги толкуваат Бен Афлек и Елис Брага.

Филмот раскажува приказна за детектив кој се вмешува во тајна владина програма додека го истражува мистериозното исчезнување на својата ќерка. Преку низа пресврти и заговори, истрагата го води детективот во многу поголема завера и уште поголеми закани.

Родригез сè уште не открива детали за заплетот на филмот, но во интервју за „Колајдер“, тој посочува дека филмот ќе биде возбудливо искуство за љубителите на Хичкок и трилер жанрот.

– Филмот е како трилер на Хичкок, ама на стероиди. – Се шегува Родригез. – Тоа е сè што можам да кажам. Веднаш штом ќе го погледнете првиот трејлер, ќе речете: „Јасно ми е! Таму сум“. Филмот е таков, има многу, многу пресврти. Многу е возбудливо. Ова е „не-се-што-гледате-е-вистина“ тип на филм и има одлична актерска екипа. Ќе биде многу енергично. Ова е една од моите омилени приказни. Почнав да ја пишувам во 2002 година. Значи, таа е една од оние што одамна ги чувам и долго време сакам да ги реализирам. Многу сум возбуден што конечно ќе успеам во тоа.

По неколку одложувања, филмската екипа конечно ќе застане на сет

Родригез откри дека снимањето на филмот требаше за започне во април минатата година, но пандемијата со коронавирусот го одложи процесот за шест месеци.

Но, со враќањето на вториот посилен бран на Ковид-19, снимањето на филмот беше повторно одложено, па сега Родригез и неговата екипа „со прекрстени прсти“ се надеваат дека планираното снимање ќе започне непречено во предвидениот брз рок.

Сепак, земајќи го предвид фактот дека филмот е назависен проект и во моментов не е поврзан со големо студио, плановите може да се сменат.

– Сега кастираме. Беше тешко да се започне со кастинг додека не знаевме со сигурност дека ќе снимаме затоа што се појави Делта варијантата и мислевме дека повторно ќе го попречи процесот. – објаснува Родригез додавајќи дека „Хипнотик“ е независно финансиран филм. Кога имате независен филм, мора да добиете осигурување. Осигурителните компании во моментов се многу претпазливи за оваа варијанта што што би можела да го прекине снимањето на филмот, затоа што тоа би значело тие да останат без пари. Значи, разбирливо е дека станува збор за ризик. Така што, фактот што продолжуваме е навистина возбудлив. Ќе биде забавно да се снима и ова ќе биде навистина забавен филм.

Доколку продукцијата започне наскоро како што е планирано, се очекува „Хипнотик“ да пристигне во кино салите ширум светот во 2022 година.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....