26.8 C
Скопје
23:09 - 22 август, 2026

Зошто Кејт и Вилијам одбраа да се преселат во мал дом со само 4 спални соби? Скромниот избор има неколку објаснувања, еве кои

кралско семејство

Вилијам и Кејт летово ќе се вселат во нивниот нов дом. Ова е куќа со четири спални соби на имотот Виндзор. Војводата и војвотката од Кембриџ, наводно, се очекува да го преселат своето семејство од Кенсингтон, западен Лондон, во колибата Аделаида во Беркшир за да бидат поблиску до кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by _BritishRoyals_ (@_britishroyals_)

Обновен во 1831 година, новиот рај на Кембриџ се наоѓа во непосредна близина на капелата Свети Џорџ и замокот Виндзор и се наоѓа на кралскиот имот од 655 хектари во Беркшир. Ингрид Севард, главен уредник на списанието Majesty, рече: „На кралицата ѝ требаат повеќе луѓе како Вилијам околу неа. Многу често таа е сама, освен персоналот, и затоа ќе биде среќна што Вилијам, Кејт и нејзините три правнуци ќе бидат на десет минути“.

Извори блиски до семејството сугерираат дека војводата од Кембриџ сакале да биде поблизу до кралицата (96), која има проблеми со подвижноста во последните месеци, но и исто така да обезбедат добро училиште за нивните три деца Џорџ (8), Шарлот (7) и Луис (4). Децата всушност ќе бидат повлечени од нивното сегашно училиште,  и се очекува да започнат со школување во новото училиште во септември.

Извор изјави за „Сан“ дека „Кејт и Вилијам многу сакаат скромен дом за да го започнат својот нов живот во Виндзор. Колибата на Аделаида одговара затоа што е куќа со четири спални соби и тоа е одлично затоа што војводите од Кембриџ немаат персонал кој треба да го носат со себе во куќата. Немаа други претензии освен пријатен семеен дом во близина на училиштето и кралицата. Тие беа категорични дека не сакаат ништо премногу гламурно или нешто што треба да се обнови или објект кој бара дополнително обезбедување, за да не биде товар поради доничните обврски“.

Јасна предност на нивното ново живеалиште е тоа што не бара скапи реновирања или дополнителни безбедносни одредби, во споредба со принцот Хари и Меган Маркл, кои потрошија 2,6 милиони фунти за поправка на куќата Фрогмор.

Инаку, соседи на Кејт и Вилијам ќе им бидат Џорџ Клуни, Сер Елтон Џон и актерката Ана Фрил.

Од друга страна пак, со овој нов избор на живеалиште Кејт и Вилијам ќе бидат и поблиску до  родителите на војвотката, Мајкл и Керол Мидлтон.

Слични објави

(Фото) Џина Џиновиќ ужива на Миконос на јахтата од 10 милиони евра на новиот сопруг на Мелина

Еспресо

Напорни тренинзи, одрекувања, дисциплина – Натали Портман имала сурови подготовки за улогата во „Црниот лебед“ која ѝ донесе Оскар

Т.Ц.

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Еспресо

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova
Се вчитува....