07:37 - 7 ноември, 2026

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува: Опциите за лекување се „многу слаби“

Минатиот февруари холивудскиот свет и сите негови обожаватели добија страшни вести бидејќи беше потврдено дека актерот Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција (FTD).

Оттогаш, актерот од хит филмовите „Армагедон“, „Палп фикција“ и „Шесто сетило“ постепено исчезнува од јавниот живот, а неговата сопруга, моделот и актерка Ема Хеминг Вилис е одговорна за давање информации на јавноста за состојбата на неговото здравје.

Како резултат на неговото нарушување, Вилис беше принуден да се повлече од шоу-бизнисот во март 2022 година.

По пензионирањето, здравјето на ѕвездата од „Умри машки“ се влошува како што одминуваат деновите. Извори блиски до актерот велат дека болеста станува се покомплицирана и дека му е многу тешко да води нормален разговор.

Ема, со која Вилис се ожени по завршувањето на бракот со актерката Деми Мур, сакаше да даде повеќе информации за неговото здравје и тоа го стори со споделување на неколку стории на својот Инстаграм профил.

Прво таа им се заблагодари на сите обожаватели на актерот, кои постојано му испраќаат пораки за поддршка и охрабрување. Ема ги нарече „толку љубовни и грижливи“.

Ема, исто така, сакаше јасно да стави до знаење дека се чувствува многу среќна што е дел од оваа заедница за поддршка на Брус за време на неговата борба со фронтотемпоралната деменција.

И покрај тоа, актерката мораше да признае и дека болеста на нејзиниот сопруг се влошува и се комплицира.

„Кога живеете во светот на деменцијата, знаете дека опциите се мали“, призна таа.

Според извори блиски на семејството, за жал, докторите ги опишале опциите за лекување како „многу слаби“, иако и Ема како и поранешната сопруга на Вилис, Деми Мур, прават се во однос на негата на глумецот кој се повеќе тоне во болеста.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....