21:23 - 7 ноември, 2026

„Заслужи одамна“: Јелена Карлеуша јавно ја поддржа колешката со која беше скарана со години!

Јелена Карлеуша и Ана Николиќ по повеќе од пет години тензии, конечно ставија крај на нивниот конфликт.

Поп-ѕвездата Карлеуша преку социјалната мрежа Икс јавно ѝ даде поддршка на својата колешка за најавениот концерт во белградската Арена, со што јасно стави до знаење дека меѓу нив повеќе нема лоша крв.

„Со сето срце ја поддржувам најавата за концертот на Ана Николиќ во БГ Арена. Заслужи одамна“, напиша Карлеуша.

Да потсетиме, двете пејачки некогаш беа во коректни односи, па дури и заедно гостуваа во телевизиски емисии. Особено се памети нивното појавување во 2016 година во „Амиџи шоу“, кога пред камерите разменија и бакнеж.

Фото: Инстаграм/Ана Николиќ

Сепак, нивниот однос нагло се влоши, по што следуваа низа јавни препукувања и тешки зборови. Во јавноста се шпекулираше дека една од причините за конфликтот е односот на Николиќ со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Во еден период, Карлеуша дури изјави: „Извини, на која Ана мислиш? Тоа прашање постави ѝ го на Цеца, со такви жени не комуницирам“, алудирајќи на тогашните коментари за изгледот на Николиќ.

Конфликтот дополнително ескалираше со меѓусебни навреди, а Карлеуша во еден момент изјави дека Николиќ е на „пат без враќање“ и дека ѝ е потребна помош. Николиќ не остана должна и возврати со свои остри коментари.

Сепак, во меѓувреме ситуацијата значително се смири. Николиќ престана со јавни критики, па дури на социјалните мрежи споделуваше и стихови од песните на Карлеуша.

Последната поддршка од Карлеуша се толкува како дефинитивен крај на нивниот долгогодишен конфликт и нов почеток во односите меѓу двете пејачки.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....