8.8 C
Скопје
11:26 - 1 април, 2026

ЗАШТИТЕНО И ЕКСКЛУЗИВНО: Во ова идилично село не можете да влезете ако не сте на листа на чекање

Ширакава, село сместено на јапонските Алпи, е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат карактеристичните куќи. Скриени меѓу високи планини и густи шуми се куќите кои се нарекуваат гасо-зукури, а се препознаваат по сламените покриви кои потсетуваат на склопени раце во молитва.

На секои дваесет години е неопходно да се замени сламата на покривите, па затоа не е невообичаено да се видат Јапонците со полни раце работа за да им помогнат на куќите да ги издржат студените зими со многу врнежи.

Во почетокот на деведесеттите, ова бајковито село беше запишано на листата на светско наследство на УНЕСКО, поради што бројот на туристи нагло се зголеми. Мала рурална заедница со 1.600 жители годишно е домаќин на 2,15 милиони туристи од целиот свет.

Меѓутоа, во 2019 година властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на листата на најодржливи дестинации во светот.

Покрај живеењето во хармонија со природата и избегнувањето на масовниот туризам, особено беа пофалени строгите мерки за заштита од пожари во јапонските села.

Бидејќи дрвените куќи со сламени покриви се чувствителни на пожар, жителите рутински го обоколуваат селото неколку пати на ден за да се заштитат од пожар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donny Olea (@donnyolea)

Кога во 2019 година избувна пожар во една од куќите, сите локални жители притрчаа на помош на пожарникарите да го одбранат селото од пожарот. Покрај тоа, во селото е забрането пушење за да се спречат несреќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Skalli (@karimskalli)

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....