03:54 - 7 април, 2026

ЗАД РЕШЕТКИ: Поради бившата девојка на Роналдињо повторно му се заканува затвор

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо доби предупредување дека би можел повторно да заврши во затвор, бидејќи не ѝ го платил месечниот надоместок на својата поранешна девојка.

Роналдињо минатото лето заврши во парагвајски затвор бидејќи фалсификувал документи, додека сега го „притиска“ тоа што на Присила Коељо е должен да ѝ ги плати парите до 1 декември. Ако не го стори тоа, повторно ќе биде зад решетки.

Присила порано беше во врска со Роналдињо, кој во тоа време наводно водел двоен живот со Беатрис Соуза, со која сакал да се ожени. Бразилецот тоа го негираше, но судот не беше на негова страна, пренесува „Телеграф“.

Таа го обвини дека води двоен живот и го доби на суд, а епилогот на сето тоа е казна од 18.000 долари што Роналдињо треба да ја плаќа секој месец за одреден период.

Медиумите пишуваат дека во меѓувреме исчезнал и дека судот не можел да му врачи покана за тоа неплаќање, но наводно конечно го „фатиле“ кон средината на ноември.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....