19:45 - 8 ноември, 2026

Вредната баба на пејачката Зарина Првасевда ќе ви го освои срцето со нејзината бавчичка

Неуморните раце на 88-годишната баба на пејачката Евгенија Здравевска, позната како Зарина Првасевда направиле рај од нејзиниот двор. Зарина сподели многу убаво видео на коешто се гледа колку е вредна нејзината баба Бока.

Иако како што вели пејачата на видеото целото семејство ја тера да одмара и да ужива, таа не ги слуша и постојано нешто си чепка, си копка низ дворот.  Посадила домат, ајварки, јаготки…

Зарина ѝ вели зошто не си одмара, зошто се мачи, а таа ѝ возвраќа дека не направила ништо.

„Ами бабе, и тоа е досадно, јас ништо не правам, ни копам, ни ништо, ги посадив и толку“, не признава бабичката.

Баба Бока вели дека сè насадила за неа.

И шетајќи така Зарина и воодушевувајќи се на зеленилото во нејзината дедовина, одеднаш си најде нешто вкусно. Пејачката забележа една румена јаготка што си ја скина за да си ја изеде.

Има ли поубаво од тоа да јадеме органски плодови од дворот. Секоја чест за оваа интересна бабичка, која сме ја запознале и претходно благодарение на тоа што Зарина ја споделува на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....