20:23 - 8 ноември, 2026

Една фотографија, илјада спомени: Силвија Стојановска го оживеа сеќавањето на легендарниот Ненад Стојановски

Актерка Силвија Стојановска на Фејсбук сподели фотографија на која таа е заедно со нејзиниот покоен сопруг, легендарниот актер Ненад Стојановски.

На фотографијата, направена пред повеќе години, двајцата се насмеани и видно расположени на прослава. Без дополнителен опис, актерката избра токму оваа фотографија да ја постави како своја насловна, потсетувајќи на незаборавните заеднички мигови со човекот кој остави неизбришлива трага во македонското глумиште.

фото/facebook/Silvija Stojanovska

Ненад Стојановски беше едно од најголемите имиња на македонската театарска сцена. Од 1976 година па сѐ до неговата смрт беше член на Драмскиот театар – Скопје, каде оствари десетици впечатливи улоги. Меѓу неговите најзначајни театарски остварувања се улогите во претставите „Диво месо“, „Лет во место“, „Тетовирани души“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Смртта на Дантон“, „Сили во воздухот“ и „Кула Вавилонска“, а особено остана запаметен и по култната претстава „Грев или шприцер“, која со години беше една од најгледаните во Македонија.

Со Силвија Стојановска ги имаат ќерките Ана и Јана Стојановски, кои денес успешно ја продолжуваат семејната актерска традиција.

Ненад Стојановски ненадејно почина на 14 јули 1998 година, на 45-годишна возраст. Неговото заминување беше огромна загуба за македонската култура, а и речиси три децении подоцна тој останува еден од најценетите и најсаканите македонски актери.

„Мојот татко Ненад е како некој суперхерој од некој филм од некое друго време… не сум ни сигурна дали постоел, од што беше посебен. Ден-денес луѓето зборуваат со жар за него и не сум сретнала никој друг да зборува за кого било како што луѓето зборуваат со воодушевување за него и со таква леснотија го фалат, и мажи и жени. Уште не ми е јасно зошто таа лекција така… се надевам ќе ми стане јасно еден ден. Тоа што силно чувствувам како минува времето е колку сум негова, генетски, пред сè. Јас од него наследив да можам да го пренесам тој талентиран ген на следните генерации“, рече Јана Стојановска во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....