9.8 C
Скопје
12:59 - 31 март, 2026

Во последните години од животот „се бореше со болниот рак“: Кралскиот биограф ја откри вистинската причина за смртта на Елизабета Втора

Официјалната причина за смртта на Нејзиното височество беше наведена како „старост“, но кралскиот биограф и близок пријател на принцот Филип, Џајлс Брандрет, тврди дека кралицата всушност ималаретка форма на рак на коскената срцевина што ѝ го одзеде животот, пренесува британски Мирор.

„Слушнав дека кралицата има форма на миелом, рак на коскената срцевина. Оваа дијагноза го објаснува нејзиниот замор, губење на тежината и оние „проблеми со подвижноста“ за кои често слушавме во текот на последната година од нејзиниот живот. Најчестиот симптом на миелом е болка во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот. До денес, не постои лек за оваа форма на рак, но постои терапија која може да ја намали сериозноста на симптомите и да го продолжи животот за 2-3 години“, напиша Брандрет во својата нова книга посветена на Елизабета Втора.

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година на 96-годишна возраст во нејзината резиденција во замокот Балморал во Шкотска. По смртта на кралицата, нејзиниот најстар син Чарлс со закон стана нов монарх.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....