-1.2 C
Скопје
19:17 - 22 декември, 2024

ВО ЛЕСКОЕЦ ВО МЕРАКЛИСКИОТ ДВОР НА ЉУБИЦА: На љубовта цвеќето враќа тродупло со неговата убавина!

Разговараме со Љубица Ставреска, по професија економски течничар, а работи во семејната фирма за транспорт и шпедиција Blagles. Уживаме во нејзиниот двор во селото Лескоец, охридско.

фото – приватна архива

Госпоѓа Ставреска со одгледување на цвеќиња се занимава – како што вели – од кога знае за себе. Уште како детенце си имала своја градина во која си засадувала цвеќиња. Оттука, не е чудо што денес Љубица сама се грижи за градината и тоа го прави со големо задоволство. И не само тоа, таа се грижи и за косење на тревата и шишање на украсните дрвја. Но и ова не е сè, таа се грижи и за другиот двор кој пак се наоѓа во селото Завој, каде што семејството има викендичка.

– Таму одиме еднаш до два пати седмично, само за наводнување и шишање на тревата – ни открива нашата соговорничка.

Дворот се простира на околу 200 квадратни метри, но дел од просторот е поплочен и се користи за паркинг на автомобилите, па дури и на камионот, зашто транспортот им е главна семејна дејност.

Во овој прекрасен двор има речиси од сите видови цвеќиња, во зависност од сезоната. Од лалиња, зумбули, нарциси, до ружи, хортензии, петунии, џунџуле, сардели, циклама, лепи јово па сè до хризантемите. Накусо, има од сè по нешто.

Ја прашуваме Љубица колку време во денот и одзема грижата за оваа убавина.

– Не можам точно да дефинирам, но цвеќето бара многу посветеност и многу љубов и верувајте, враќаат со нивната убавина. Просечно, сигурно по час до два дневно, а некогаш и повеќе, во зависност дали е само наводнување, или косење, шишање на трева, отстранување на прецветани цветчиња и исушени ливчиња – ни објансува таа.

За разлика од лето, во зима цвеќињата се позахтевни, особено саксијските цвеќиња.

– Им имам ослободено цела соба и тоа најсветлата и секако, се грее со парно во состав на целата куќа – искрена е Љубица.

Оваа цветна дама најмалку купува цвеќињ напролет, а задоволна е што сите сама ги засадува, тие што се „зафаќаат“ од гранчиња со ртење, нои од нив ги размножува со коренчиња, а другите ги сее од семе кое го собира во текот на летото. Сеењето е во месецот март.

За крај, еве еден градинарски совет од Љубица, за сите оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе и растенија.

– Нека почнат од сардели и џунџуле, тие се најиздржливи, не се многу захтевни. Мојот совет е да ги одгледуваат со многу љубов, а цвеќето враќа тродупло со неговата убавина.

Инаку, Љубица е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ПОГЛЕДНЕТЕ И ДЕЛ ОД УБАВИНАТА ОД ДРУГИОТ ДВОР НА ОВАА ЖЕНА СО ЦВЕТНО ИМЕ, НО И ИМЕ КОЕ НОСИ ЉУБОВ.

ДВОРОТ ВО ЗАВОЈ КАДЕ СЕ НАОЃА СЕМЕЈНАТА ВИКЕНДИЦА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....