25.1 C
Скопје
22:13 - 21 јуни, 2026

Внуката на Нелсон Мандела ги нападна Хари и Меган: „Го користат името на дедо ми за да продаваат“

По Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс се ангажирани во продукција на уште еден документарен филм, исто така за Нетфликс, со наслов Live to Lead кој го раскажува животот на некои од најважните личности и лидери во последните години.

„Притоа, бевме инспирирани од Нелсон Мандела и неговата фраза „Она што е важно во животот не е едноставниот факт да се живее““, објаснува Хари во трејлерот за најава на серијата.

Меѓутоа, овој цитат воопшто не и се допадна на внуката на Мандела, активистката и писателка Ндилека Мандела, која ја обвини двојката дека го искористила наследството на нејзиниот дедо за своја лична корист.

„Навикната сум луѓето да го користат неговото име затоа што знаат дека тој продава, а Хари и Меган не се исклучок“, забележува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ndileka Mandela (@mandela_ndileka)

„Знам дека Фондацијата ја прифати иницијативата, но верувам дека парот ги користи зборовите на дедо ми за да продаде и да заработи милиони, без семејството Мандела да извлече никаква корист од тоа“, рече активистката во неодамнешното интервју.

Таа исто така истакна како парот продолжува, погрешно, да создава паралели меѓу нивната лична историја и онаа на Мандела. Јасната референца е на изјавите на Меган,  кажани пред неколку месеци дека таа и Хари биле дочекани во Јужна Африка со улични прослави, токму како што се случило со ослободувањето на Нелсон Мандела од затвор.

„Зборуваме за две различни работи и ни најмалку се споредливи“објасни Мандела.

Активистката, исто така, им се обрати на парот советувајќи ги да бидат „поавтентични и да се фокусираат на сопствената историја, без да им даваат значење на ликовите што никогаш не ги познавале, како што е нејзиниот дедо. Во интервјуто на Мандела, сепак, немаше само критики: писателката призна дека му се восхитувала на Хари затоа што имал храброст да се побуни против строгите правила на англиската круна и затоа што му се спротивставил на неговото семејство.

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....