04:38 - 3 април, 2026

Витамини кои побрзо лекуваат вирусни инфекции (вклучувајќи и Ковид варијанти)

И за превенција од грип и настинки, но и доколку сме веќе болни од виусна инфекција, петте неопходни витамини побрзо ќе не закрепнат. За време на новиот бран на Ковид погрижете се да бидете доволно снабдени со витамините кои го чуваат вашето здравје, па освен преку намирниците кои ги содржат, внесувајте ги и дополнително преку суплементи.

Витамин Ц

Го стимулира одбранбениот систем, силен е антиоксиданс, а за време на вирусната инфекција неговата доза треба да се зголеми на 3 г дневно. Големи количини од него наоѓаме во агрумите, брокулата, шипката, кивито, пиперката, зелката и компирот.

Цинк

За време на сезоната на вирусни инфекции, настинки и грип треба да се внесуваат дополнителни дози на цинк, најдобро преку суплементи. Освен што е одличен антиоксиданс, цинкот најмногу го подигнува имунитетот. Природни извори на цинк може да најдеме во црвеното месо (свинско и говедско), житарките, пченичните трици, спанаќот, боранијата, грашокот, јајцата, млекото, виното, семките од тиква и пивскиот квасец.

 

Витамин А

Важен е за работата на имунолошкиот систем, но и за одржување на функцијата на слузницата која е прва одбранбена линија од штетните бактерии. Витаминот А ќе го најдеме во џигерот, млекото и млечните производи, путерот, жолчката од јајце, морковот и рибата.

Витамин Д

На специфичен начин делува на имунолошкиот систем и го зголемува создавањето на антимикробни пептиди кои го уништуваат клеточниот ѕид на бактериите и вирусите. Најмногу го има во рибиното масло и месото, млекото и млечните производи, жолчката и печурките. За време на студените денови, кога не сме изложени на сончеви зраци, многу е важно да го зголемиме внесот на витамин Д.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....