14:00 - 27 ноември, 2026

Диета со домати: За љубителите на брзи и ефикасни диети, за шест дена се „топат“ до шест килограми

За оние кои не можат подолг период да бидат на диета, им ја препорачуваме диетата со домати која гарантира брз успех. Се држи само шест дена, а се „симнуваат“ до шест килограми. Дополнително, ќе го ослободите организмот од токсини.

Правилата на диетата со домати се многу едноставни – четири оброка на ден, многу вода, кафе без шеќер е дозволено, чаеви без шеќер се дозволени, парче леб (30 грама) е дозволено само за појадок. Доматите може да се јадат свежи но и печени во рерна, како и на скара.

Еве како треба да изгледа диетното мени.

Прв и четврти ден.

Појадок – салата од домати со 50 грама немасно сирење и 2 варени јајца, наросена со маслиново масло и босилек. 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – порција тестенини (50 грама) во сос од домати (сосот се подготвува со динстање на 400 грама домати или со пасирани домати 350 грама од конзерва, се зачинува по желба).

Вечера – супа од домати и зеленчук. Украсете ја со магдонос и лажица павлака.

Втор и петти ден.

Појадок – Грчка салата, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и малку ориз. Или домати на скара и зеленчук на скара со салата од спанаќ и шака ориз.

Вечера – Чорба од ослич. Чорбата подгответе ја со две главици исечкан кромид издинстан на малку маслиново масло, филе ослич, два поголеми домати, зачини и украсете ја со лажица кисела павлака.

Трет и шестти ден. 

Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Пилешко месо (150 грама) во сос од домати и печурки.

Вечера – Говедско месо на скара (130 грама) со порција шопска салата.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....