23.8 C
Скопје
15:12 - 3 октомври, 2026

Првиот сопруг на Џенифер Лопез има страшно предвидување за нејзиниот брак со Афлек: „Таа не се смирува само со една личност“

Првиот сопруг на Џенифер Лопез, Ојани Ноа, не верува дека венчавката на неговата поранешна со Бен Афлек ќе трае вечно. 

Првиот сопруг на Џенифер Лопез, Ојани Ноа, не мисли дека нејзиниот брак со Бен Афлек ќе трае. „Им посакувам најдобро на неа и на Бен, но не сум убеден дека тоа ќе трае“, изјави Ноа за Дејли Мејл.

„Џен сака да биде заљубена, но таа е свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Бев сопруг број еден и таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на нашата брачна ноќ, таа рече дека ќе бидеме заедно засекогаш“.

Двојката се разведе во 1998 година, но останаа пријатели. Ноа почна да го води ресторанот во Лос Анџелес, Мадрес во 2002 година. Тој тврди дека Лопез почнала да се забавува со режисерот на „Арго“ додека сè уште била во брак со Крис Џад, нејзиниот втор сопруг, а со тоа потврдува дека е емотивно нестабилна.

Понатаму, Ноа тврди дека за време на отворањето на Мадрес, „таа одеше на црвениот тепих со Крис, но Бен чекаше одзади со еден куп црвени рози… Таа вечер седнав надвор со Бен и тој ми кажа каква неверојатна жена е Џенифер. Му реков: „Знам“.

48-годишниот Ноа вели: „Мислам дека таа е личност која ќе се омажи седум или осум пати. Не можам да ја видам како се смирува само со една личност “.

Сепак, причините на негативното предвидување на Ноа за поранешната сопруга си имаат историја.

Ојани Ноа всушност разговарал со Дејли Меил бидејќи му здосадило да го нарекуваат „келнер без пари“. Ноа рече: „Но, кога ја видов како се омажи за Бен, кој е добар човек, чувствата се вратија“.

48-годишниот личен тренер од Мајами додаде: „Толку многу се пишуваше за мене и Џен, особено во изминатите две недели, а повеќето од написите беа сосема погрешни. Сакам луѓето да ја знаат вистинската приказна “.

Иако сите се запознаени со делот од приказната дека Ноа и Лопез по разводот останале одлични пријатели, малкумина ја знаат приказната дека Ноа и неговиот деловен партнер Ед Мејер се бореа со Лопез на суд шест години, бидејќи тој се обидел да заработи на видеа од нивниот минат заеднички дом, односно на цел филм наречен  „Како се омажив за Џенифер Лопез“. Сепак, судот му забрани филмот да оди во јавност.

Затоа, можеби фановите треба да го сфатат предвидувањето на Ноа со резерва.

 

Слични објави

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.
Се вчитува....