16:27 - 10 ноември, 2026

Најлесен рецепт за превкусна крем супа од тиквички

Тиквичките се совршена летна намирница која може да се подготвува на различни начини. Може да се похува, да се исече на ленти и да се користи наместо тестенина, да се потпече, да се додаде во разни салати или од неа да се направи кремаста супа.

Со оглед на тоа дека тиквичките содржат дури 90 отсто вода, станува збор за диетална намирница, која дополнително го хидатизира организмот и која помага да се чувствувате свежо.

За да ја подготвите оваа кремаста супа од тиквички не ви треба многу време ни многу намирници.

4 средно-големи тиквички,

1 поголема главица кромид,

2 лукчиња,

1 лажица маслиново масло,

1 лажиче путер,

50 грама кисела павлака,

малку магдонос

и сол и црн пипер по желба.

Подготовка

Измијте ги тиквичките, исечете ги на поголеми кругови (со кората) и ставете ги да се варат на пареа заедно со исчистениот и исечкан кромид, десетина минути.

Изладете го зеленчукот, па потоа ставете го во блендер заедно со исечканото лукче, павлаката, путерот и маслиновото масло. Посолете и наросете црн пипер. Блендајте додека добиете густа супа.

Послужете со лажичка павлака врз супата и тостиран леб по желба.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....