2.8 C
Скопје
02:30 - 27 октомври, 2026

ВИРАЛЕН ХИТ: Мечка „влетала“ на свадба и се качила на маса, гостите во паника

Видеото кое се појави „ТикТок“ на кое се гледа „упад“ на мечка на свадба како се качува на маса додека луѓето тивко јадат, стана вирално на социјалните мрежи.

Американката Енџи Диса неодамна присуствувала на свадбата на нејзината братучетка во природниот парк Чипинке во Нуево Леон, Мексико. Како што објасни таа, пристигнала во петокот, а венчавката била во саботата.

„Бидејќи паркот се наоѓа на планина, гостите на свадбата беа свесни дека се во непосредна близина на дивиот свет“, вели Диса.

Во саботата на свадбата дошла една поголема мечка додека гостите вечерале, што Диса го документирала и објавила на социјалната мрежа „ТикТок“.

@angiedisaHe just wanted some food 😪 #smh #SaveIt4TheEndZone #MakeADogsDay #myfinALLYmoment #mexico #wedding #beartok #fyp♬ original sound – Angie Disa

На видеото, кое собра повеќе од 1,7 милиони прегледи, се гледа како мечката се качува на маса и го руши централниот дел додека се слушаат силни звуци.

Потоа мечката се симнува од масата, соборува стол и талка покрај луѓето кои седат на нивната маса.

Како што Диса објасни подолу, персоналот им рекол на гостите да не се движат ако наидат на мечка или некое друго диво животно.

Таа потоа додаде дека персоналот на објектот имал искуство со животните бидејќи ги има многу во околината, па знаеле како да ја одведат мечката.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....