14:46 - 19 ноември, 2026

(Видео) Вака изгледаше Данијела Димитровска на венчавката со Огњен Амиџиќ: Подоцна направи естетски корекции

Манекенката Данијела Димитровска се омажи на 27 јануари за Јеврем Косниќ, а нејзиниот изглед како невеста со денови беше тема во јавноста, особено затоа што носеше бел фустан од Викторија Бекам.

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ постојано работи на себе и со текот на годините нејзиниот изглед се менувал. Таа во повеќе наврати истакнала дека нема ништо против естетските корекции, доколку се направени со мера. Така, и самата се подложила на помали интервенции – ги зголемила усните, а забележливо е и дека правела корекции на забите.

За разлика од венчавката со Амиџиќ, Данијела овојпат не носеше раскошна венчаница, иако не е исклучено тоа да се случи кога таа и Јеврем ќе организираат поголема свадбена прослава за поширок круг гости.

Сепак, во видеото може да се види како манекенката и водителка изгледала во 2012 година, кога се омажи за Огњен Амиџиќ.

Данијела и Огњен се венчаа на 27 мај 2012 година, по две години врска. Тој тогаш имал 36 години, а таа 11 помалку. По венчавката во црквата „Пресвета Богородица“ во Земун, свадбената поворка се упатила кон луксузен ресторан, каде што младенците, под отворено небо и пред матичар, си се заколнале на вечна љубов.

 

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....