09:08 - 19 ноември, 2026

Анaбела откри колку трошеле со групата „Фанки Џи“: „Секој спот нè чинеше колку стан во Белград!“

Пејачката Анaбела Атијас во разговор за медиумите ја потврди приказната што пред извесно време ја изнесе еден режисер на музички спотови за групата „Фанки Џи“, кој тврдеше дека бендот вложувал огромни суми пари во своите видеа. Потсетувајќи се на периодот кога работела заедно со поранешниот сопруг Гаѓи Ѓогани, таа истакна дека „секое визуелно реализирање на песна ги чинело колку еден стан во Белград“.

Анaбела посочи дека особено добро се сеќава на три спота за кои, како што вели, со сигурност знае дека биле исклучително скапи.

Во еден од нив се појавува и нејзината најстара ќерка, Луна.

„Навистина многу ги плаќавме тие спотови, тоа е точно. Во тоа време, секој спот чинеше колку еден стан во Белград. Трите спота за кои знам дека беа навистина многу платени се ‘Легенда’, ‘Дала бих све’ и ‘Буди ту’. Искрено, не можам да се сетам на точната сума, но навистина беше рамно на цена на стан“, изјави пејачката за „Курир“, објаснувајќи ја и причината за високите трошоци.

„Тие спотови содржеа многу анимации, а тоа во тоа време беше исклучително скапо. Луна и Адам се појавуваат во спотот за песната ‘Легенда’, а кога ќе видите колку Луна е мала таму, јасно е зошто не можам да се сетам на точната сума“, додаде Анaбела.

Слични објави

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо
Се вчитува....