04:54 - 23 јуни, 2026

(Видео) Страшна сцена во живо на водителка на вести: Ѝ се слоши и колабираше поради срцев проблем

Алиса Карлсон Шварц влезе се приклучи на тимот на KCAL на CBS Лос Анџелес за да ги објави вестите за временската прогноза рано оваа сабота, но гледачите беа сведоци на страшна сцена во живо. Страшниот инцидент кој го покажува моментот кога на Алиса ѝ станува многу лошо и колабира беше снимен на камера и виден од огромен број луѓе.

Кога Алиса сакаше да ги започне вестите за временска прогноза во 7 часот наутро и да ги извести жителите на Лос Анџелес и локалните области дека ќе има малку дожд, таа ја доживеа страшната случка. И се онесвести пред камера, а како поледица на срцева болест.

Потпретседателот на CBS Лос Анџелес и директор на вести Мајк Дело Стрито разговараше со медиумот TMZ и даде ажурирање за здравствената состојба на неговата колешка.

„На нашата колешка Алиса Карлсон нагло ѝ се слоши за време на нашите вести во 7 часот наутро. Сакам да им се заблагодарам на нејзините соработници кои презедоа итна акција за да ја утешат и смират Алиса и да се јават на 911. Алиса во моментов се лекува во болница“, рече тој.

„ Се надеваме дека наскоро ќе знаеме повеќе за здравствената сосојба. Во меѓувреме, Алиса ќе биде во нашите мисли и се молиме таа да се чувствува многу подобро наскоро“, заклучи тој.

Подоцна се огласи и Алиса на социјалните мрежи, кратко заблагодарувајќи се за грижата за неа, и ветувајќи дека ќе биде добро.

Според TMZ, Карлсон имала уште една епизода која била слична пред неколку години, во тоа време таа замалку не се срушила на снимање додека известувала за времето, а дијагнозата била дека имала проблем со срцевиот залисток.

Слични објави

(Фото+видео) Северина заврши со пешкир на главата на концерт, на крајот излезе на сцената во влечки и бањарка

Еспресо

Јована Јеремиќ се отвори за љубовта со Тигар – откри детали за црковната венчавка во едно од најголемите светилишта

Еспресо

(Фото) Фустанот ѝ се вее на ветрот, сопругот ја гушка по трудничкиот стомак – водителката Деа Ѓурѓевиќ ужива на море

Еспресо

(Фото) Летната елеганција започнува во „Chantel“ – подновете се со најпосакуваните сандали сезонава

Еспресо

(Видео) Јелена Ѓоковиќ во фустан од 500 евра и сандали од 50 евра го прослави 40-тиот роденден во Атина

Еспресо

(Видео) Дара Бубамара се соблече во минијатурно бикини, тајно ја снимало помладото момче! 

Еспресо
Се вчитува....