13:22 - 12 мај, 2026

(Видео) Странците во чудо поради изборот на Лет 3, евровизиски претставници на Хрватска: „Како да сум на рингишпил, не знам што е лево, а што десно“

Штом беше прогласен победникот на Дора, која ќе ја претставува Хрватска во Ливерпул, странските Јутјубери, кои се и големи фанови на Евровизија, снимија видео од реакции на настапот на Лет 3.

Јутјуб каналот наречен EuroCelso Reactions, кој вообичаено ги снима реакциите на евровизиските песни, веднаш по завршувањето на Дора објави видео во кое очигледен е шокот од настапот на членовите на Лет 3 од самиот почеток и очекувано тешко го изговараат името на песната.

„Што е ова? Немам поим што зборуваат“, рече тој. “Тие се многу харизматични. Ми се допаѓа, ова е моето задоволство оваа година. Ова е уникатно и за паметење. Ова ќе биде тренд на ТикТок. Не очекував ваква рокерска Хрватска. Со оваа песна ќе се истакнат, тие треба да бидат во финалето“, додава тој.

Јутјуберот Џуд Кенеди пак, го гледал настапот на Дора и останал шокиран и збунет.

„Ми фалат зборови. Не знам што да кажам. Навистина не знам што да кажам. Хрватска го праќа ова? Имавте Тик Ток пред 2 години, Миа Димшиќ не се квалификуваше во финале минатата година, но таа не заслужи после неа да дојдат тие“, рече тој.

Нуш Берберијан, позната како Noosh101 на Јутјуб, рече дека се исплашила додека ја слушала Мама ШЧ.

„Па, не можам да верувам. Ме наежи. Морам да и аплаудирам на Хрватска затоа што никогаш не пратиле нешто вакво на Евровизија. Но, сè уште не можам да сфатам дали ја сакам песната или дали е премногу за мене“, рече таа.

Џордан Дејвис, исто така голем фан на Евровизија, не очекуваше победа на Лет 3.

“Не ја очекував оваа песна, туку Невера. Оваа песна е малку страшна за мене, особено поради овие визуелни елементи кои се вртат во позадината. Има воени елементи, особено костими и капи. Се чувствувам како да сум бил на најлудиот рингишпил и не знам што е лево, што е десно“, рече тој.

(Видео) „Лет 3“ ќе летаат за Ливерпул на Евровизија: Хрватите избраа песна која „ќе влезе во аналите и учебниците“

Слични објави

Здравко Чолиќ ја реновира вилата на Дедиње – поставени нови камери и сензори откако му беше флена бомба во дворот

Е.А.

Кристина Арнаудова откри како го мотивирале синот да трча: „Му купувавме пехари без да знае“

Еспресо

Теа Трајковска по трагедијата во Кочани: „Имав панични напади и со месеци не излегував од дома“

Еспресо

(Фото) Пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стане мајка, а денеска Зои Блаж го слави првиот роденден на ќерката

Еспресо

Маја Николиќ тренира на трамбулина – скока и вреска од среќа

Е.А.

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.
Се вчитува....